Би-Би-Си: Сеп Блатер е недопирливиот „мрачен принц“ на фудбалот

Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер се наоѓа веќе четири мандати на челната функција во Светската фудбалска федерација и управува речиси недопирливо со „куќата на фудбалот“ иако таа постојано се соочува со афери и корупциски скандали, пишува Би-Би-Си.

Британската јавна медиумска компанија прашува како е тоа можно, користејќи ги квалификациите на еден швајцарски весник, кој по сите досегашни бројни извештаи за корупција во ФИФА, го нарекува Блатер „Кумот дон Блатероне“.



Во ниту една истрага, што изминатите години се направени во Светската фудбалска федерација, не е најден ниту еден доказ, од кој ќе се види дека Сеп Блатер е на било каков начин поврзан со земање поткуп,или со корупциска афера.

Членот на швајцарскиот Парламент, Ролан Бушер изјавил за Би-Би-Си, дека на Блатер никогаш не може да му се прикачи било каков криминал.

- Секогаш има некој меѓу него и поткупите, вели Бушер.

Стари пријатели на првиот човек на ФИФА, го опишуваат Блатер како е сосема „приземјен“ и крајно отворен. Оние кои не го скаат, а работеле со него, го опишуваат како човек кој е огорчен кон секој облик на опозиција и спремен да ги натера да си заминат од федерацијата, доколку се осмелат да прашуваат.

Едните и другите, сепак, се согласуваат дека Блатер не може да си го замисли животот без ФИФА и Цирих, иако во текот на изминатите деценија и половина тој има „потрошено“ три брака.



- Но, како еден скандал, се надоврзува на друг, решеноста на Сеп Блатер да се кандидира и по петти пат за претседателската функција во ФИФА, може на крајот да му се одмазди, па од таму да се замине со бовчата на рамо, без церемонија, грубо, на задната врата, заклучува Би-Би-Си.

Коментарот на британскиот јавен сервис, доаѓа по денешното соопштение на швајцарската полиција за апсење на шестмина високи функционери на ФИФА, сите осомничени за земање поткуп и за перење на пари преку банки во САД.

Швајцарското обвинителство потврди дека Американците ја воделе истргата, за корупција во фудбалот во последните 20 години, како и дека веќе побарале екстрадиција на сите шестмина.

Меѓу уапсените се Џек Ворнер, поранешен потпретседател на ФИФА, Џефри Веб претседател на фудбалската Конфедерација за Северна и Централна Америка и Карибите, како и Костариканецот Едуарди Ли, претседателот на Јужноамериканската фудбалска асоцијација, Еугенијо Фигуередо и Бразилецот Хозе Марија Марин.

Британскиот медиум кој прв објави за утринската рација во Цирих, заедно со американскиот весник „Њујорк Тајмс“ сега се прашува дали Блатер има било каков кредибилитет да остане во трката за уште еден претседателски мандат.

Би-Би-Си и британски весници веќе неколку години водат „војна“ со Блатер, а Англиската фудбалска асоцојација отворено бара тој да поднесе оставка. Токму медимите во САД и Велика Британија покрена кампања за одземање на организацијата на Светското првенство во Катар, тврдејќи дека е „купено со пари“ и отворено сомневајќи се дека на нечесен начин е добиена и организацијата на првенството во Русија, во 2018 година.



Американците и Британците сега отворено навиваат за јорданскиот принц Али Бин ал Хусеин, чичко на актуелниот јордански крал Абдула, за нов претседател на ФИФА. Тој денеска ијави дека треба да се испита како во петок ќе се гласа за претседател, по денешните апсењеа во Цирих.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...