Блатер во трка со принцот Хусеин

Иако ФИФА се најде под удар на полицијата на два дена пред изборите за претседател кои ќе бидат направени утре, сепак, нема поместување во календарот за Конгресот, ниту, пак, на кандидатите што ќе конкурираат за позицијата.

ФИФА утре ќе избира нов претседател, а во трка се само два кандидати. На Конгресот во Цирих своја програма за развојот на фудбалот ќе претстават досегашниот прв човек Сеп Блатер и неговиот противкандидат принцот од Јордан, Али бин ал Хусеин.



Луис Фиго и Михаел ван Праг ги повлекоа своите кандидатури, па утре нема да има многу наддавање, туку е јасно дека земјите-членки ќе треба да се одлучат за еден од двајцата кандидати што планираат да ја водат ФИФА во иднина.

СЕП ПО НОВ МАНДАТ

Актуелниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, е роден во Швајцарија во 1936 година. Тој го запоседна местото претседател на 8 јуни во 1998 година. Тогаш го победи Ленарт Јохансон и почна со своето долго владеење. И тогаш имаше многу контроверзии околу изборот така што работите не беа најчисти.

Едни од оние што се огласија дека добиле поткуп за да гласат беа претставниците на Сомалија, кои тврдеа дека добиле 100.000 евра за да го дадат својот глас за Блатер.

Во последно време има многу критики на адреса на Блатер за неговата работа и за назадување на фудбалот, па затоа има голем број фудбалски работници што сакаат да го сменат од функцијата. Иако и самиот најавуваше дека ќе се повлече, сепак, на крајот се реши за уште еден мандат, кој ќе му биде петти доколку ја добие довербата.

Инаку, Блатер е во ФИФА од 1975 година. Во првите шест години работеше како технички директор, а потоа од 1981 до 1998 година ја извршуваше функцијата генерален секретар.



ПРИНЦОТ ХУСЕИН ГО САКА ТРОНОТ

Единствениот преостанат противкандидат на Блатер, принцот Али бин ал Хусеин има 39 години. Роден е во 1975 година, а во моментов е еден од потпретседателите на ФИФА. Покрај ова, тој ја извршува и улогата на претседател на Фудбалската федерација на Јордан, како и претседател на Фудбалската федерација на Западна Азија.

Тој стана потпретседател на ФИФА на 6 јануари во 2011 година кога ги доби изборите за претставник на Азија.

Влегува во трката со Блатер со голема поддршка, а на своја страна ги доби и Михаел ван Праг и Луис Фиго, кои се откажаа од кандидатурата за да може принцот од Јордан да има поголема шанса и да се избори за функцијата претседател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...