Меси сега треба да се докаже и со Аргентина

Со завршување на финалето во Лигата на шампионите стивнаа возбудувањата во Европа. Љубителите на најважната споредна работа во светот сега може да се фокусираат на фудбалските терени во Јужна Америка. Од утре па до 4 јули Чиле ќе биде домаќин на репрезентациите од најфудбалскиот континент во светот. Се игра 44. издание на популарната Копа Америка. Победникот во следните четири години ќе го има приматот на најдобра селекција на овој континент.



СО БАРСА ОСВОИ СЕ, НА РЕД Е РАДОСТ СО „ГАУЧОСИТЕ“

Лионел Меси е прва ѕвезда на турнирот. Капитенот на Аргентина се очекува конечно да блесне во националната селекција и да донесе радост на фановите на „гаучосите“. Аргентина досега има 14 трофеи, односно само еден помалку од рекордот на Уругвај, кој е и актуелен бранител. Сепак, интерено е тоа што Аргентина повеќе од две децении нема трофеј на Копа Америка. Тие последен пат се радуваа во далечната 1993 година. Ако не се смета златниот медал на Олимписките игри во Пекинг од 2008 година, каде не играат најдобрите играчи, тогаш златото од 1993 година е и нивни последен голем трофеј од меѓународни натпреварувања.



ЛЕО НАЈАВИ ЗЛАТЕН МЕДАЛ

Минатата година имаа шанса да го прекинат овој долг пост, но Меси и другарите беа поразени во финалето на Светското првенство во Бразил. Сепак, со таа игра покажаа дека се способни за голем дострел. Меси сезонава блеска и речиси е незадржлив. Затоа најмногу благодарение на неговата игра, Барселона ја освои тројната круна. Аргентинецот сега најавува дека шампионскиот ритам ќе го задржи и во репрезентативниот дрес.

„Голема чест е да се носи националниот дрес, а уште повеќе да си капитен. Нашата главна цел за оваа година е да го освоиме златото на Копа Америка“, кратко и јасно најави Меси.

Тој има 45 гола во 97 настапи. Во Чиле ќе го прослави јубилејниот 100. настап за репрезентацијата.



Покрај Меси, во нападот на Аргентина се и Серхио Агуеро и Гонзало Игуаин. Секако дека воопшто нема да ѝ биде лесно на Аргентина во походот кон тронот. Бразил предводен од Нејмар ќе биде најголем ривал, а секако дека секогаш мора да се смета и на најтрофејниот Уругвај каде во нападот се Суарез и Кавани. Домаќинот Чиле има состав кој може да биде „изненадување од сенка“. На крајот тој што ќе биде најдобар на теренот ќе се радува на тронот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...