Најнепредвидливо континентално натпреварување

Со вечерашниот натпревар меѓу Чиле и Еквадор почнува 44. шампионат на Јужна Америка - Копа Америка. Турнир на кој учествуваат 10 јужноамерикански репрезентации плус две гостински и сите го бркаат престижниот сребрен трофеј. Се работи за турнир на кој никогаш не може однапред да се предвиди шампионот. Во претходното издание Парагвај стигна до финалето без да победи, Аргентина во 2007 година ги „прегази“ сите противници до финалето и го загуби од тогаш просечниот Бразил, а во 2001 година Хондурас го освои третото место притоа елиминирајќи ги Бразил и Уругвај од турнирот, додека Мексико како гостин стигна до финалето. Затоа не не можеме да предвидиме однапред кој ќе го освои трофејот оваа година и покрај тоа што добри ги знаеме фудбалерите кои настапуваат.



УРУГВАЈ Е БРАНИТЕЛ НА ТРОНОТ

Уругвајците го бранат трофејот освоен пред четири години, а популарните „небесно-сини“ на овој турнир ќе играат без една од главните напаѓачки ѕвезди Луис Суарез поради суспензија. Сега го нема и ветеранот Диего Форлан, па Единсон Кавани ќе ги води помладите напаѓачи кон успехот.

Многу се очекува од репрезентациите на Аргентина и Бразил. „Гаучосите“ по освоеното второто место на Мундијалот во Бразил сакаат да се задоволат со титула на Копа Америка. Ростерот е ист но селекторот е нов. Тата Мартино ја презеде обврската да продолжи да работи со оваа генерација на играчи која треба да го достигне зенитот на овој турнир.

По фијаското на Мундијалот Бразил го смени селекторот. Дунга се врати на кормилото, а тимот се врати на победите. „Селесао“ врза девет победи на пријателските натпревари (не вклучувајќи го синоќешниот со Хондурас) и покажа дека може да го врати трофејот по осум години пауза.



МНОГУ СЕ ОЧЕКУВА ОД ЧИЛЕ КАКО ДОМАЌИН

Чиле имаше фантастично издание на СП па фановите очекуваат на домашен терен да се направи најголемиот успех на националниот тим и да се донесе трофејот од Копа Америка на кој Чилеанците никогаш не му се израдувале. Оваа талентирана генерација предводена од искусниот селектор Хорхе Сампаоли може да го направи тоа.

И Колумбија имаше фантастичен настап на СП во Бразил, а го даде најдобриот стрелец на шампионатот Џејмс Родригез. Овој пат „кафеџиите“ се засилени со најдобриот голгетер Радамел Фалкао, кој без проблем ги тресе противничките мрежи во дресот со националните обележја, а се измачи во Манчестер Јунајтед. Кругот на фаворити за висок пласман го заокружуваме со Еквадор, тим кој го краси колективност и цврстина во одбраната. Можеби не играат атрактивно, но секогаш се незгодни кога играат одлучувачки натпревари.



МЕКСИКАНЦИТЕ СО КОМБИНИРАН ТИМ

Репрезентацијата на Мексико по деветтипат како гостин ќе учествува на Копа Америка. Овојпат „Ацтеките“ ќе настапат со комбиниран тим бидејќи главните играчи се чуваат за настап на „Голд купот“ (првенството на Северна и Средна Америка) идниот месец. Фудбалерите претежно доаѓаат од домашниот шампионат.

Шампионот на Карибите Јамајка првпат учествува на турнирот во Јужна Америка, а како дебитант сака да остават добар впечаток. Венецуела го имаше најдобриот настап во 2011 година кога играше за трето место, а инаку има многу лош скор на турнирите. Малкумина веруваат дека оваа репрезентација повторно ќе направи подвиг. Двократните прваци Парагвај и Перу се потпираат на спој на искусни и млади играчи па најмалку еден од нив треба да избори место во нокаут-фазата. Боливија се надева на прекин на црната серија. Ја нема поминато групната фаза уште од 1997 година.

Натпреварите ќе се играат на девет стадиони во осум градови. Финалето ќе се игра на 4 јули на стадионот „Национал“ во Сантијаго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...