Жилина ќе се освојува со дисциплина

„Ако на теренот бидеме, како што кажува нашиот селектор, максимално дисциплинирани, тогаш можеме да се надеваме на поволен резултат од овој тежок натпревар“, вели стоперот Даниел Мојсов.

Македонскиот национален тим се пресели во Словачка. Од вчера нашата експедиција на фудбалери и стручен штаб е во Жилина, во градот во кој ќе „ечат“ 10.000 грла в недела за својата селекција. Словаците се на еден чекор до пласман на ЕП 2016, а Македонија бара обелување на образот до крајот на овие квалификации. Мисијата на Љубинко Друловиќ е тешка, особено што стартува од селекцијата која има стонастотен ефект во овие квалификации, и се наоѓа во друштво со Англија на репрезентации кои ги имаат сите победи во досегашниот дел на оваа кампања.



Предизвикот за македонските фудбалери е тежок, меѓутоа пред заминувањето најавија дека нема да го развеат белото знаме, дека ќе се надигруваат со Словачка и се надеваат дека тоа ќе даде добар резултат, па зошто да не и изненадување во Жилина.

МАКСИМУМ ЌЕ СЕ ДАДЕ, ТОА Е СИГУРНО

Даниел Мојсов е еден од фудбалерите кои изненадувачки не беа на списокот за дуелот со Белорусија. Иако тогаш беше капитен на белгиски Лирс, сепак, минатиот селектор сметаше дека не треба за него да има место, а ситуацијата се смени со доаѓањето на Љубинко Друловиќ на клупата. На својот прв список веднаш најде место за Мојсов, кој ќе треба да биде носител во дефанзивата во отсуство на Шиков.

„Што да се каже за дуелот со Словачка? Максимум ќе дадеме, тоа е сигурно. Сите сме подготвени да дадеме сè од себе во текот на 90 минути. Дека ќе биде тешко, ќе биде. Играме против селекција која ги има сите победи, која дома ја совлада една Шпанија, но предавање нема. Одиме на добар резултат, па зошто да не и победа. Атмосферата во селекцијата е супер и верувам дека со пожртвувана игра можеме да стигнеме до целта“, вели стоперот Даниел Мојсов.

ДА СЕ ИСПОЛНАТ ЗАДАЧИТЕ НА СЕЛЕКТОРОТ

Факт е дека назначувањето на Друловиќ на клупата на нашата селекција донесе играчите позитивно да размислуваат пред секој натпревар. За новиот предводник на националниот тим играчите имаат само пофални зборови, а сега се подготвени да ја оправдаат довербата кај него во недела навечер.

„Ќе повторам дека нè чека тешка задача, можеби најтешката. Словаците сакаат да ја продолжат серијата, иако тоа кај нив носи и некој вид психолошки притисок. Не може една селекција цело време да победува, особено не од рангот на Словачка, но сигурно дека ќе одат на победа. Ако на теренот бидеме максимално дисциплинирани, односно да ги исполниме задачите на селекторот Друловиќ, тогаш можеме да се надеваме на позитивен резултат“, дополнува Мојсов.



КАКО ДА СЕ ОДБРАНИМЕ БЕЗ ШИКОВ?

Отсуството на Ванче Шиков дојде во многу незгоден момент за Македонија. Особено ако се знае дека тој е еден од нашите најискусни фудбалери, со многу настапи зад себе, со големо искуство кое можеше да биде пресудно да се сопрат залетаните Словаци. Сега целиот товар во дефанзивата паѓа на Мојсов, а со него веројатно во тандем ќе биде и Димитровски. Македонија нема голем фонд играчи, па секое отсуство и тоа како се чувствува и влијае врз играта.

„Сигурно дека ќе ни недостасува Шиков, ама убеден сум дека и оние кои ќе добијат шанса се подготвени да сторат сè за добар резултат. Селекторот кога бира, бира и фудбалери во случај да дојде и до некоја несакана повреда и затоа сите кои се тука ќе бидеме максимално подготвени да им се спротивставиме“, вели стоперот на нашиот национален тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...