Да не го судиме селекторот по првиот меч

Нашата сениорска репрезентација утре ја очекува тежок испит. Следува мечот со Словачка во Жилина, а се знае дека противникот во моментов е лидер на нашата група со максимален скор, односно бодовно салдо. Ние со нов селектор во името на Љубинко Друловиќ ќе се обидеме да ја завртиме работата на подобро.

Дарко Панчев, како еден од најкомпетентните кој треба, мора да биде прашан за сè што ново се случува во мак-фудбалот затоа што е авторитет кој не смее да биде занемарен. Тој смета дека најбитно во моментов е да му се остави на новиот селектор доволно простор да се адаптира на функцијата, што се вели да ги земе конците во свои раце.

„Љубинко го знам лично како човек и фудбалер, не толку како тренер и како селектор. Како играч бил секогаш во ред и имам позитивно мислење за него. Секако, да бидеш европски првак со млада репрезентација е нешто. Како селектор на Македонија сега сите ние треба да му помогнеме на свој начин. Мислам дека сега треба да му се даде време, не да му се суди како селектор по првиот одигран меч, што и да се случи во Словачка. Фактот што има уште доволно мечеви во овие квалификации ни дава право да коментираме, но по завршувањето на циклусот. Мора да му се даде шанса да се адаптира, да ги запознае доволно играчите затоа што факт е дека тој е првпат со нив. Дури потоа можеме да ги коментираме потезите кои ќе ги влече. Од тоа дали повикувал играчи кои заслужиле повик преку тоа дали поставувал тактика каква што треба, дури потоа можеме да кажеме дали се препознава напредок во нашата репрезентација со неговата работа.

Што се однесува до составот кој Друловиќ во моментов го повика за овој меч, мислам дека е реалниот. Тоа е во суштина нашиот капацитет во моментов. Трајковски, Ибраими, Велкоски, Костовски. Тоа се напаѓачите кои ги имаме. Според мене, Трајковски е оној кој го добиваме за во иднина затоа што објективно најмногу напредуваше, затоа и направи еве трансфер како што претпоставувам дека посакувал. Во суштина ние засилувањата за сениорите мора да ги бараме во помладите категории иако еве младинците со поразот против Исланд не се истакнаа премногу. Сепак, и други селекции имале слаби денови, па да се надеваме дека тоа се случило и со нив“ - вели Панчев околу очекувањата за претстојниот меч Словачка - Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...