Нема што да загубиме

Да зборуваше некој дека во шестото коло лидер во групата „Ц“, и тоа со максимален број бодови, ќе биде Словачка, сигурно дека немаше да биде верно. Особено не затоа што на некој начин имаа една смена на генерации, а секогаш кога доаѓа ред за такво нешто, тогаш следува и пад на една селекција. Но, Словачка е лидер, а нашата репрезентација гостува токму кај најдобриот во групата, кај лавот кој посакува со уште една победа да се доближи до Франција.

Македонија во Жилина игра на факторот изненадување, на факторот дека може да дојде до сензација, до добар резултат со селекцијата која не знае за ништо друго освен за победи, за селекцијата која секогаш е добра против Македонија, и нема пораз во досегашните пет натпревари, со само еден нерешен резултат.

Меѓутоа, дека постојат изненадувања во фудбалот, сите добро знаеме, а за такво изненадување и се надеваме и го посакуваме. Особено ќе биде добредојдено за нашиот национален тим по серијата бледи резултати и игри во овие квалификации во кои останавме без шанси да ја видиме во живо Франција.



БОРБЕНО, АНГАЖИРАНО, МАКСИМАЛНО

Како да се победи Словачка? Како да се совлада најдобриот во групата, и тоа на негов терен? Тоа е прашањето што си го поставуваат нашите репрезентативци во пресрет на утрешниот натпревар кој се игра во Жилина, со почеток во 20:45 часот. Фудбалерите на националниот тим од Жилина најавуваат сигурна борба до последниот атом на силата за да се направи тоа изненадување кое толку го посакуваме. Го имаат рецептот за такво нешто, а сега треба само да се спроведе на теренот во малиот град на северот на Словачка.

„Играме против најдобриот тим во нашата група, и според мене тоа е мало изненадување. Очекував да се борат со Украина за тоа второ место, но тие се први и со сите победи. Покажаа дека во фудбалот не постојат фаворити. Јас не би можел да ветам сигурна победа, но можам да ветам дека ќе играме борбено, ангажирано и ќе го дадеме максимумот. Тоа е сигурно. Се надевам дека ќе биде доволно да дојдеме до триумфот на крајот и да направиме едно изненадување. Имаме сила за такво нешто затоа што и ние сме добра репрезентација“, потенцира нашиот репрезентативец Агим Ибраими.

ТИЕ ПО ЕП, НИЕ ПО БОДОВИ

За разлика од Македонија, Словачка е многу блиску до пласман на Европското првенство. Многу блиску, а со нас се надеваат дека ќе направат нов чекор кон Франција. Меѓутоа, „рисовите“ се подготвени да го расипат расположението на домашните и за првпат да ја наведнат главата.

„Тие сакаат бодови за пласман на Европското првенство, но и ние ги сакаме бодовите. Сигурно дека нема лесно да ја продадеме кожата и нема да дозволиме да се радуваат. Ги сакаме овие три бода. Секогаш некако се слатки кога се издвојувани против фаворитот. Така беше на пример кога со Челзи изминатата сезона успеав да освојам бод. Тој ми беше најслаткиот. Затоа сите сме мотивирани за добар резултат утре“, додава Ибраими.

НЕ СЕ НЕПОБЕДЛИВИ

Колку и некоја селекција да реди победи, таа мора во еден период да има криза. Словачка е репрезентација која и покрај добрите играчи како Хамшик, Шкртел, Козачик си има и свои слабости, кои ќе мора да ги искористиме. Особено што нашиот национален тим ќе има многу малку шанси.

„Секоја шанса што ќе се укаже мора да се искористи ако сакаме добар резултат. Дека се ранливи покажа и првиот меч кога практично ги искористија своите шанси, а ние двапати го погодивме дирекот. Се надевам дека она што не го искористивме во Скопје ќе успееме тука, во Жилина, и дека ќе успееме да извлечеме добар резултат“, потенцира нашиот репрезентативец.

СО НОВ СЕЛЕКТОР ПО ДЕБИ ПОБЕДА

Можеби најголем адут за изненадување против Словаците е новиот селектор Љубинко Друловиќ. И требаше еден таков „потрес“ по првите пет меча во овие квалификации. Играчите се убедени дека токму таа смена може да донесе позитивни работи во селекцијата.

„И претходно реков дека новиот селектор Друловиќ има свој начин на работа кој ние го почитуваме и го прифаќаме. Не сакам да се навраќам на претходните, секој си има свои методи, но верувам дека ако ги исполниме неговите задачи, можеме до победа. Се гледа неговото искуство како играч каде има играно за големи клубови. Сето тоа ни го пренесува нам. Ние, играчите, се надеваме дека ќе му донесеме победа на неговиот прв натпревар“, рече Ибраими.



БАРАМЕ „РЕСТАРТ“

Во првите три меча во групата имавме само една добра игра и само еден добар резултат. Го победивме Луксембург, а ја надигравме, иако бевме поразени, селекцијата на Украина. Само тие два моменти се за паметење, а останато за заборав. Сега во „срцето“ на Европа бараме „рестарт“, бараме нови моменти кои ќе ја спасат честа со нов селектор.

„Се надевам дека до крајот на квалификациите ќе го поправиме впечатокот и дека ќе освоиме што повеќе бодови. Групата не беше тешка, но прокоцкавме многу бодови, особено на домашен терен, каде што бевме поразени од Словачка и од Белорусија. Сега се надевам дека ова ќе биде само еден почеток на добра серија до крајот и дека ќе бидеме што подобро пласирани“, потенцира членот на Марибор.

НЕ ЈА СОЧУВАВМЕ МРЕЖАТА ВО ОВИЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Она што треба да претставува проблем во овие квалификации, е тоа што не успеавме да ја оставиме мрежата „чиста“. На секој меч примавме барем по еден гол, а најмногу од Шпанија,дури пет. По два од Белорусија, Словачка и Луксембург, и еден од Украина. Тоа е проблем за нашата дефанзива, која остана и без услугите на Ванче Шиков, еден од искусните играчи, а шанса ќе добие Владимир Димитровски. Дали ќе можеме да издржиме кај најдобриот, ќе видиме утре по 22:30 часот. Играме со најдобриот. Со нов селектор по успеси. Нека биде со добро.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...