Швајнштајгер е првиот Германец во Манчестер Јунајтед

Трендот летово да се случуваат трансфери на играчи кои досега во кариерата настапувале само во еден клуб продолжува. По Чави Ернандез, кој реши да си замине од Барселона, Стивен Џерард, кој го напушти Ливерпул, и Икер Касиљас, кој не по своја волја веќе нема да биде дел од Реал Мадрид, сега дојде ред и Баерн да се прости од еден свој врвен играч. Бастјан Швајнштајгер си заминува од баварскиот гигант, а кариерата ќе ја продолжи во тимот на Манчестер Јунајтед. досега во претходните 13 години како професионалец играл само за Баерн.

Интересно е тоа што во 137-годишната историја на Манчестер Јунајтед досега никогаш не се случило дресот да го облече еден германски фудбалер. Тоа значи дека Швајнштајгер ќе влезе во историјата на клубот како прв Германецот што ги бранел боите на Јунајтед.



ТРАНСФЕРОТ ПО ГРЕШКА БЕШЕ ПОТВРДЕН

Шпекулациите дека популарниот Швајни летово може да ја напушти „Алијанц арена“, случајно и по грешка беа потврдени од страна на Баерн Минхен, и тоа на прес-конференција, на која ги претставуваа новите засилувања на најтрофејниот германски клуб. Баерн ги претстави Даглас Коста и Џошуа Кимах, но не планираа дека тоа ќе биде време и кога ќе се открие трансферот на Швајнштајгер во Манчестер Јунајтед.

Новиот играч за врска, Комих, кој дојде од тимот на Штутгарт, на претставувањето сосема случајно ја откри битната вест. „Многу ми е жал што нема да можам да играм заедно со Швајнштајгер, кој си заминува од клубот“, рече Комих, кој само им даде повод на новинарите подоцна да ја откријат целата ситуација до крај. По оваа изјава на Комих, време дојде извршниот директор на Баерн, Карл Хајнц Румениге, да открие за што се работи. Тој потврди дека Манчестер ќе биде негова следна дестинација.

„Бастијан јасно кажа дека сака нов предизвик и дека тоа исклучиво треба да биде во тимот на Манчестер Јунајтед. Ние имавме разбирање за неговото барање и решивме да го пуштиме да игра за англискиот тим“, рече Румениге.

БАЕРН ЌЕ ДОБИЕ 14,4 МИЛИОНИ ФУНТИ

По непланираната потврда од страна на Баерн дека играчот за врска заминува во Манчестер Јунајтед, само два часа подоцна се огласија и од најтрофејниот англиски клуб. И од „Олд Трафорд“ потврдија дека доведуваат квалитетен и докажан играч во своите редови за во новата сезона.

„Манчестер постигна договор со Баерн за трансфер на Швајнштајгер“, стои во соопштението на Јунајтед. Според најавите, Баерн за овој трансфер ќе инкасира 14,4 милиони фунти.



ТРЕТО ЗАСИЛУВАЊЕ ЛЕТОВО

Манчестер веќе две години се обидува да направи тим што ќе се врати во трката за титулата во Бундеслигата. Откако од клупата си замина легедарниот сер Алекс Фергусон, тимот една сезона заврши на седмото место на табелата, а лани беше четвртопласиран. Затоа челниците на „црвените ѓаволи“ дозволуваат да се доведат играчи кои би требало да бидат доволни за нова титула на Јунајтед.

Досега на „Олд Трафорд“ дојдоа Мемфис Депај и Матео Дармијан, што значи дека Швајни е трето засилување во овој преоден рок. До крајот на преодниот рок може да се очекува уште некој трансфер, но освен што ќе купува, може да се случи Манчестер и да продаде дел од своите ѕвезди во тимот.



ДОАЃА ПО ЖЕЛБА НА ВАН ГАЛ

Трансферот на Швајнштајгер е реализиран најногу по барање на тренерот на премиерлигашот, Луи ван Гал. Холандскиот стратег во својата кариера две години беше на чело на Баерн и тогаш ги запозна квалитетите на играчот за врска. Токму затоа сега Ван Гал верува дека во екипата на Јунајтед му е потребен играч токму од калибарот на Швајнштајгер и затоа го доведе на „Олд Трафорд“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...