Неочекувана средба на стадионот „Драгао“.
-Еве го Мурињо, се пошегуваа новинарите со Икер Касилјас покажувајќи кон скулптурата на славниот тренер со кој голманот не е во добри односи.
Касилјас се насмеа иако не би сакал да го сретне Мурињо, кој во Порто е икона.
Со клубот освои се, прво Куп УЕФА и лигата, а потоа следната сезона освои три титули, вклучувајќи ја Лигата на шампиони.