Реал го „блиндира“ Де Геа

Раководството на Реал Мадрид е решено да го донесе Давид де Геа по секоја цена, а доколку тоа не се случи до крајот на летото тогаш ќе се случи во текот на следното, но тогаш Де Геа би пристигнал на „Сантијаго Бернабе“ како слободен играч.

За да не се случи некој друг да го украде Де Геа од таборот на „кралевите“ веќе успеале да се договорат со голманот и би можела да му платат на голманот пет милиони евра. Тоа би се случило само доколку до крајот на ова лето не дојде до преселба на Де Геа во Мадрид.



Целта на Реал е Де Геа да дојде во клубот уште сега, а на тој начин би добиле адекватна замена за Касиљас. Сепак, со оглед на тоа што никако не можат да ја усогласат сумата за трансфер сосема извесно е дека некој ќе мора да попушти за да се случи трансферот.

Доколку нема ништо од ова до 31 август тогаш работите ќе добијат поинаков тек. Во таква ситуација Реал ќе го капариса фудбалерот и ќе го осигура неговото пристигнување следното лето.

Со оглед на тоа што на 30 јули во 2016 година завршува соработката на Де Геа и Манчестер Јунајтед сосема извесно е мора да се направи нешто за да не влезе во трката некој друг тим. Затоа Реал веќе има договорено на Де Геа да му исплати сума од пет милиони и да му забрани секаков вид на преговори со други тимови, но и да му забрани да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед.

Засега сето ова останува како резервна варијанта бидејќи првата и понатаму е тој да дојде до крајот на август. Инаку, Де Геа во моментов е на турнеја со Манчестер Јунајтед во САД.

ИМ ГО НУДАТ ВАЛДЕС НА „КРАЛЕВИТЕ“

Според информациите кои ги пренесува „Марка“, голманот на Манчестер Јунајтед, Виктор Валдес бил понуден на екипата на Реал Мадрид. Ова е интересна информација, особено ако се знае дека Валдес е дете на Барселона и добро е познато што ќе се случи доколку прифати ваква понуда.

Претходно Валдес ги прекина преговорите за негова преселба во тимот на Валенсија така што од ова нема да има ништо, а дефинитивно нема ниту со Анталија откаде што исто така постоеше желба за ангажман на голманот кој е резерва во Манчестер Јунајтед.



СЕРХИО РОМЕРО КАКО ЗАМЕНА

Голманот на репрезентацијата на Аргентина, Серхио Ромеро, е во комбинација за голот и во Реал Мадрид и во Манчестер Јунајтед. Тој е голман кој е слободен бидејќи ги заврши обврските кон Сампдорија. Практично во минатата сезона беше позајмен во Монако, каде што не бранеше, па затоа сега бара клуб каде што ќе има можност стандардно да застане на голот.

За Ромеро клучот е во Давид де Геа. Доколку се пресели во Реал тогаш има поголеми шанси да заврши во редовите на Манчестер Јунајтед каде што ќе биде во конкуренција со Виктор Валдес. Во спротивно, Реал Мадрид ќе биде поблизу до негов ангажман, па тогаш Ромеро и Навас ќе бидат изборот за голот на „кралевите“.

ПОНУДА ОД 45 МИЛИОНИ ЗА РАМОС

Од Манчестер Јунајтед пристигна нова официјална понуда за трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид. „Црвените ѓаволи“ веќе подолго време го пикираа Рамос. Тие се подготвени да дадат 45 милиони евра за премин на „Олд Трафорд“.

Сепак Реал оваа понуда експресно ја одби велејќи дека нема шанси да го продадат новиот капитен за сума помала од 90 милиони евра. Нереално е Манчестер да ја плати оваа сума за играч од дефанзивниот ред, со што само поверојатно е дека трансферот нема да се оствари.

БЕНИТЕЗ ГО САКА ЉОРЕНТЕ

Новиот тренер на Реал Мадрид, Рафаел Бенитез сака да доведе уште еден напаѓач до крајот на преодниот рок. Стратегот се фокусираше на Фернандо Љоренте, кој моментно ги брани боите на Јувентус. Голгетерот во 2013 година дојде во Торино како слободен играч, откако претходно девет сезони помина во екипата на Атлетик Билбао.

Во првата сезона во Јувентус одигра добро и во 45 меча даде 18 погодоци. сепак минутажата многу му се намали лани, откако се зголеми бројот на играчи од офанзивниот ред. Од јувентус летово си замина Карлос Тевез, но затоа пристигнаа Симоне Заза од Сасуоло и Марио Манџукиќ од Атлетико Мадрид. Во офанзивниот дел дојде и аргентинскиот талент од Палермо, Пауло Дибала.



Реал во нападот ќе остане без Хавиер Ернандес кој лани играше како позајмен од Манчестер Јунајтед и сигурно сака нов играч на таа позиција. Освен Реал, за Љоренте се интересираат и англиските екипи Ливерпул и Тотенхем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...