Наместо друга, секоја година иста приказна во ЛШ

Плашливите „црвено-црни“ немаа храброст да тргнат поофанзивно и први да дадат гол. Постигнаа кога сè веќе беше готово, немајќи време да се вратат во игра и да направат чудо

И така девет години чекавме еден наш првак да мине барем едно квалификациско коло во Лигата на шампионите. Чекавме, и не дочекавме. За нас нема место во „елитата“, нема место кај најдобрите. Далеку сме ние од некаков пласман таму, иако се надевавме и посакувавме во вторникот вечерта. Вардар ги имаше сите предуслови да стави крај на таа лоша традиција. Имаше добар резултат од првиот меч во „пеколната“ Никозија. Имаше полн стадион со навивачи кои дадоа поддршка, имаше шанси, но на крајот иста приказна. А, сакавме и очекувавме друга.



Само малку недостасуваше, само детали го делеа тимот на Вардар. Тоа е барем според резултатот, но кога сè ќе се собере АПОЕЛ беше подобар во 180 минути. Имаше 5-6 „зицери“ наспроти Вардарци, кои се заканија еднаш во Никозија и во Скопје по некоја шанса до која дојдоа случајно. Меѓутоа, во фудбалот треба да се користи секоја шанса, особено ако си аутсајдер.

Тоа малку кое недостасуваше според многумина се нарекува „искуство“. Нешто кое кај многумина играчи на Вардар го има, меѓутоа тимот го нема. Многу понеквалитетни и помлади тимови поминуваат само на тоа искуство, нешто кое и тоа како е пресудно и важно. Меѓутоа, Вардар расте, Вардар се развива. Сега второ коло и блиску до трето, идната година трето и блиску до четврто. Чекор по чекор.

ИСПАЃАЊЕТО (НЕ) Е КАТАСТРОФА

Колку и да кажеме дека испаѓањето и не е катастрофа со оглед на противникот, толку можеме да кажеме дека истото и е, и да се согласиме со многумина кои го делат едното или другото мислење. Некои ќе кажат дека АПОЕЛ е квалитетен и искусен тим, но кога на вага ќе се стави сè што се случуваше, тогаш може да се каже дека е разочарувачки. На таков начин да се биде елиминиран, особено што ниту противникот не блескаше и не играше „сјајно“ ниту во Никозија, најмалку во Скопје. Шансите ги имаа, меѓутоа и тие се мачеа со реализацијата, исто како и Вардар што се мачеше да направи шанса.

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКИ ФУДБАЛ

Она што може да радува е што публиката се врати на стадионот. По цели три години пауза (од мечот Вардар - БАТЕ), видовме полни трибини и одлична атмосфера на „Филип Втори“. Уште еден доказ дека Македонија сака квалитетен европски фудбал, сака да гледа Лига на шампиони. Особено кога станува збор за Вардар, кога има шанси некој наш тим да помине во следната фаза. Билетите беа по многу популарна цена, а сигурно дека да имаше и повеќе луѓе во нашата земја, ќе имаше уште повеќе. Можеби околу 30.000 гледачи. Но, уште еднаш овие мечеви се доказ дека Вардар при евентуален успех може да направи вистинска фудбалска еуфорија, празник на фудбалот во Скопје. Атмосфера пред каква што само може да се посака да се игра.

ТРЕБАШЕ ЛИ АНДРЕЕВ ДА ТРГНЕ ПОХРАБРО ВО ОФАНЗИВА?

Обично на вакви мечеви победува желбата, срцето, искуство. Не дека во Вардаровите редови го немаше, меѓутоа некогаш треба да се биде и храбар за да се има среќа. Се чини дека тоа им недостигаше на „црвено-црните“ - храброст. Сега кога веќе сè е загубено е залудно да се зборува, ама понекогаш е подобро да се оди на сè или ништо отколку да се чека и на крајот да дојде она второто - ништо. Влегувањето на терен со еден напаѓач логично го поставува прашањето дали Вардар требаше да тргне малку похрабро? Не е работа на медиумите да се мешаат во нечии замисли и нечија тактика, но се добива впечаток дека недостасуваше малку повеќе храброст. Особено во првиот дел кога се бараше и сакаше брз гол.



„Еден тим игра онолку колку противникот ќе ти дозволи“, ќе рече Сергеј Андреев пред мечот во Скопје. Да, а АПОЕЛ дозволуваше многу. Особено ако имавме поопасен напад и подобра средина која сето тоа ќе го врзуваше и која ќе имаше идеја. Вака се сведе сè на чекање, а искусна екипа на АПОЕЛ знае да казни од само една полушанса.

ЉАМЧЕВСКИ: ВАКВАТА ЕЛИМИНАЦИЈА НОСИ ГОРЧИНА

Разочарувањето беше видно и кај играчите на Вардар. Особено ако се има предвид на кој начин го завршија сонот наречен „Лига на шампиони“. Ваквите елиминации секогаш болат. Без пораз да се заврши европскиот пат, а тоа му се случи на Вардар.

„Можам само да кажам дека жалиме што не отидовме понатаму. Ваквата елиминација секогаш носи горчина. Штета, а имавме шанси да го минеме АПОЕЛ и верувам дека потоа ќе ни беше многу полесно. Недостига искуството на ваквите натпревари кои се далеку потешки од оние во првенството каде што се игра сосема друг фудбал. Затоа и тие екипи кои имаат искуство на вакви мечеви добиваат. Сметам дека ни недостигаше да бидеме малку подобри во нападот. Да креираме повеќе шанси. Ние постигнавме гол доцна, и немаше време за уште еден. Тој примен гол скапо нè чинеше. Знаевме дека ќе биде тешко и на реваншот, особено што по 0:0 во Никозија не смеевме да дозволиме да примиме гол, а требаше во исто време и да дадеме. Жал ми е и мене, верувам и на моите соиграчи. Нема друго што да се каже по ваква елиминација“, изјави стрелецот на единствениот гол со АПОЕЛ, Благоја Љамчевски.



ФОКУСИРАЊЕ КОН ОДБРАНА НА ТИТУЛАТА

И не останува ништо друго. Освен целосен фокус кон одбраната на титулата во следниот шампионат. Сега Вардар треба да е свесен дека пред себе има голема конкуренција во екипата на Шкендија, која направи одличен тим со ангажман на неколку играчи. Сите добро знаат дека титула е потешко да се одбрани отколку да се освои. Така ќе биде и со Вардар, кој и натаму ја има фаворитската улога. Кога веќе е крај со Лигата на шампионите, на „црвено-црните“ не им останува ништо друго освен целосен фокус кон првенството. Како и на секој кој бил шампион на Македонија во последните девет години. Наместо друга, секоја сезона гледаме иста приказна од прваците на нашата земја која најмалку уште една година ќе почека за „елитен“ фудбал во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...