Жозе гостува на рекордот на Икер

Средбата меѓу Порто и Челзи успеа да избие во прв план на првиот ден од 2. коло во Лигата на шампионите пред сè поради фактот што на овој натпревар ќе има интересно среќавање меѓу поранешниот тренер и поранешниот капитен на Реал Мадрид. Жозе Мурињо е и поранешен тренер на Порто, а со Икер Касиљас имаше жешка соработка кај „кралевите“.



Касиљас дефинитивно не го памети по добро својот поранешен тренер бидејќи тој го седна на клупата на Реал по неколку години доминација на голот. Касиљас почна да паѓа во формата во тој период и никогаш не успеа да се врати на нивото кое го имаше пред доаѓањето на Мурињо во Реал Мадрид.

Сепак, нивното среќавање кое сигурно ќе биде со подавање рака како што доликува на двајца џентлмени ќе остане во втор план бидејќи денеска има нешто друго кое ќе избие во прв план.



КАСИЉАС СТАНУВА РЕКОРДЕР

Доколку Чави останеше во Барселона и оваа сезона тогаш секое ново коло ќе носеше менување на врвот. Вака кога Чави е надвор од Европа и не се натпреварува во Лигата на шампионите доаѓа моментот кога Икер Касиљас ќе го преземе врвот според бројот на настапи.

И двајцата фудбалери во моментов имаат по 151 натпревар во најсилниот куп. Сепак, Касиљас по заминувањето од Реал Мадрид доби можност да игра во тим кој се натпреварува во ЛШ, па веќе денеска ќе го има мечот број 152 со што практично против својот поранешен тренер ќе прослави рекорд.



Од денеска Икер ќе биде осамен на врвот, а во зависност од тоа колку Порто ќе игра сезонава во Лигата на шампионите ќе биде и зголемувањето на бројот на средби за Касиљас во најсилното клупско натпреварување во Европа.

ЖОЗЕ СЕ ВРАЌА МЕЃУ СВОИТЕ

Кога во 2003 година тргна решително кон врвот на Лигата на шампионите сите гледаа песимистички кон она што Мурињо го подготвуваше со тимот на Порто. На крајот од сезоната во мај во 2004 година тој приреди сензација и се најде во финалето по кое славеше во Лигата на шампионите. Тоа беше огромен успех бидејќи, конечно, беа урнати големите клубови од петте најсилни лиги.

Иако по освојувањето на ЛШ си замине и работеше во Челзи, Интер и Реал Мадрид, сепак, Мурињо остана тренерот кој одработил многу за Порто. Ќе биде интересно како ќе го поздрават фановите. Се очекуваат аплаузи, но најубаво ќе биде веројатно на крајот доколку Порто успее да дојде до победа.



ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР

Пред денешната средба секако треба да се потсети на моментот на кој добро се сеќаваат и Икер Касиљас и Жозе Мурињо. Кавгата почна по случките на средбата меѓу Реал Мадрид и Барселона, а после ова Икер им телефонираше на Чави и Пујол за да поразговара и да ги смират разгорените страсти.

Ова не му се допадна на Мурињо, па му се налути на капитенот и чекаше шанса да го седне на клупата. Како плус за Португалецот беше повредата на Икер, па дочека шанса за да го седне на клупата.

Подоцна го обвини и дека издава тајни од соблекувалната, па на крајот мораше да се избере и некој од нив да замине. Со оглед на тоа што немаше добри резултати настрада Мурињо, но на крајот од минатата сезона и Касиљас мораше да го напушти „Сантијаго Бернабе“.

ЖОЗЕ ИМА ПОРАЗ И РЕМИ ВО ПОРТО

На своето прво гостување во Порто како тренер на Челзи, Мурињо не успеа да се прослави. Загуби со 2:1, но тоа беше дуел од последното коло во групната фаза. Тоа беше во сезоната 2004/2005, а и двата тима успеаја да ја минат групата. Челзи заврши на првото место, а Порто со пет бода помалку беше второпласиран.



Вториот пат гостуваше во осминафиналето во сезоната 2006/2007. Тогаш извлече реми со 1:1, а потоа на реваншот го елиминираше својот поранешен клуб откако Челзи победи со 2:1.

Челзи и Порто играа заедно во Лигата на шампионите и во сезоната 2009/2010, а повторно ја минаа групата. Сепак, во оваа сезона тренер на „сините“ беше Карло Анчелоти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...