Сеп Блатер се соочува со привремена суспензија од ФИФА

Претседателот на ФИФА во заминување, Сеп Блатер се соочува со тримесечна суспензија, откако Етичкиот комитет на Светската фудбалска организација препорача санкција, по решението на швајцарското обвинителство за покренување кривична постапка против 79-годишниот Блатер.

Тој е обвинет за потпишување договор кој е оценет како „неповолен“ за ФИФА, како и за спроведената „нелојална исплата“ за актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.



Блатер ги отфрла обвинувањата и тврди дека не сторил ништо лошо и спротивно на прописите, додека неговите адвокати изјавија дека не бил информиран за ниту една од акциите во и надвор од организацијата.

Претседателот на УЕФА, Платини, кој најави дека ќе се кандидира за наследник на Блатер, исто така, ги отфрли обвинувањата.

Платини (60) тврди дека исплатата за која се обвинува актуелниот претседател на ФИФА била „легална компензација„ за неговото деветгодишно работење со Сеп Блатер.

Станува збор за два милиони швајцарски франци, кои на Платини му биле исплатени во 2011 година, Поранешната ѕвезда на францускиот фудбал потврди дека бил испрашуван за оваа исплата, но само како сведок, а не и како осомничен.

Неповолниот„ договор за кои е обвинет Блатер се однесува на договорот меѓу ФИФА и Џек Ворнер, поранешен претседател на Конкакаф ( фудбалска асоцијација на земјите од Северна и Централна Америка и Карибите) од 2005 година, за телевизиските права за преноси од фудбалски натпревари.

Конечната одлука на Етичкиот комитет на ФИФА околу евентуалната суспензија на Блатер, најверојатно ќе биде соопштена денеска во Цирих.



Сеп Блатер пет пати едноподруго беше избран за претседател на Светската фудбалска организација. Последен пат на 29 мај годинава.

Само четири денови подоцна, тој најави дека се повлекува од функцијата, на која треба да остане до 26 февруари, кога ќе се одржи вонреден конгрес на Фифа и ќе биде избран негов наследник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...