За крај Белорусија

Вечерва гостуваме во Борисов и бараме одмазда против Белорусите, и подобрување на позицијата на табелата во нашата група. Тоа ќе биде последен натпревар во оваа неуспешна квалификациска кампања.



Европското првенство за нас одамна е завршено, а тоа уште не ниту почнато. Евро собирот во Франција 2016 година ќе го гледаме само на ТВ екраните, односно на него нема да учествуваме, а во овие последни два меча, вчера со Украина и во понеделник против Белорусија ќе гледаме да спасиме што можеме да спасиме. Односно да не го фатиме „фенерот“, и да избегаме од тоа проклето последно место.

Гостуваме во Борисов на Белорусија каде што ги финишираме овие квалификации, уште едни во редот кои за нас се неуспешни. Ние не обезбедивме пласман барем на првите три места, иако сега шансите беа најголеми. Во иднина не се знае како ќе биде, но тешко ни се пишува. И додека се радуваат селекции како Северна Ирска, Австрија, а и Албанија има шанси за ЕП, ние и понатаму ќе „тапкаме“ во место.

ЌЕ СЕ БЕЛИ ОБРАЗОТ

Затоа против Белорусија во понеделник треба да се бели образот, да се спасат овие квалификации и да се „переме“ по оној пораз од Луксембург кој нè „закова“ на последното место. Вчера против Украина и задутре со Белорусија ќе бараме излез од оваа летаргија која не зафати, и петте порази по ред во квалификациите. Црната серија донесе и смена на секторската клупа, ама и таа не донесе ништо ново освен порази, порази и само порази. Шансите за ЕП одамна се загубени, а сега ќе се бориме да се фатиме за сламката и да испливаме кон петата или четвртата позиција на табелата, што ќе биде нешто подобро од ова сега што го имаме. Згора на тоа ќе донесе и малку искачување на ФИФА листата на која потонавме на 132. место.



МИТОВ ДЕБИТИРА НА ГОЛОТ

Она што ќе биде за одбележување на овој натпревар со Белорусија во Борисов е тоа што на голманската позиција ќе имаме нов лик. Пачовски замина во историјата од вчера повеќе нема да го чува голот на нашата репрезентација, а местото го отстапува на Давид Митов Нилсон. Голманот кој е роден во Шведска има македонско потекло, му беше даден и пасош на нашата земја, и повеќе нема никаква пречка за негов настап за Македонија. Затоа времето на Пачовски помина, тој се посветува на клупската кариера, и редот е на Митов, а исто така конкуренција му е исто така младиот Столе Димитриевски, кој својата кариера ја гради во Шпанија во дресот на Гранада, а е под договор со Удинезе.

МОДЕРНА БОРИСОВ АРЕНА

Она што исто така е интересно е тоа што мечот ќе се одигра во Борисов, а не во Минск. Тоа е 60 километри од главниот град на Белорусија. Станува збор за стадион кој е модерен и кој беше пуштен во употреба лани, во 2014 година. Цели три години се правеше и сега е модерно спортско здание кој собира скромни 13.126 гледачи. Меѓутоа, на него БАТЕ Борисов ги игра натпреварите во Лигата на шампионите, а пред неклку денови таму гостуваше тимот на Рома. Сега на ред е на Македонија да покаже што знае на модерната Арена во Борисов.



Кога сме кај Белорусија да кажеме дека Македонски спорт ќе има новинар кој ќе ги следи настаните во Борисов и ќе информира за дуелот со Белорусија, последен во овие квалификации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...