Ибра во Малме пред своите фанови

Дуелот кој в среда ќе биде одигран во Малме меѓу истоимениот состав и ПСЖ ќе мине во знакот на Златан Ибрахимовиќ, кој се враќа на местото каде што сè тргна во неговата кариера. Малме е првиот клуб за кој има играно и дефинитивно клуб каде што ја доби шансата да стане она што е денес.

Сеќавајќи се на тоа време и на сето она што го има направено во Малме и за Малме тој зборува пред овој дуел и верува дека тоа ќе биде голем ден и за него и за неговите навивачи, кои останале во голем број. Воедно очекува да добие и аплаузи од сите коишто ќе се најдат на стадионот.

- Хенрик Ларсон неодамна рече дека Вие секогаш сте се бореле и сте ја отвориле вратата за многумина млади фудбалери од различни средини.

„Кога тоа го зборува некој што се вика Хенрик Ларсон, тогаш тоа е голем комплимент. Јас сум свесен дека сум им овозможил на многумина да напредуваат во животот. Знам како ми беше додека ги минував пречките, но не мора никој да биде ист и да го прави тоа. Горд сум на она што го имам направено не само во фудбалот туку во сè во животот“.

- Се враќате во Малме. Какви ќе бидат чувствата кога ќе истрчате на теренот?

„Тоа ќе биде голем ден. Таму каде што ја почнав кариерата ќе имам можност за нов натпревар. Ќе ми биде драго да играм меч од Лигата на шампионите пред фановите од кои имав поддршка на почетокот од кариерата. Се надевам дека ќе уживаат во играта на теренот. Кога јас излагам на теренот се трудам да уживам во играта. Ќе имам почит и кон фановите и кон тимот бидејќи имам убави спомени и сакам да останам запаметен по добро кај сите навивачи на Малме“.

- Постојано играте на врвно ниво во кариерата. Колку се важни првите години во Малме за вашиот развој како играч?

„Дефинитивно тоа е од исклучителна важност. Малме е местото каде што започна сè. Уште тогаш си реков: Или ќе го сторам тоа на вистински начин или воопшто нема да играм. Уште кога играв за младинскиот тим знаев што сакам. Таму добив шанса да покажам што знам и колку можам. Успеав да го искористам сето тоа. Беше навистина тешко поради моето име и моето потекло и морав да бидам подобар од другите за да успеам“.

- Во Малме стигнавте од предградието Розенгард. Колку вашето воспитување беше важно за фудбалот тогаш?

„Фудбалот за мене значеше сè уште тогаш. Игравме секој ден, на училиште, дома, секаде. Дури и пред тренинг игравме фудбал. Тоа беше нешто без кое не можеше да се замисли денот. Имав терен на средина од дворот и тоа е местото каде што сè тргна. Бевме неколку пријатели кои таму често игравме и бевме најдобри, па многу често доаѓаа други момци од други области да ни се закануваат. Многу работи се случија таму, а потоа откако отидов во Малме се сменија сите нешта“.

- Сте платиле за иградба на фудбалски терен на местото каде што сте израснале.



„Никогаш не треба да се заборави на местото откаде што доаѓате. Сега живеам на друго место, но секогаш треба да се потсетите каде сте живееле и што сте направиле во минатото. Можеби сум се одалечил од старите пријатели, но дефинитивно не сум ги заборавил. Уште сум во контакт со сите коишто одиграле важна улога во мојот живот. Се знае кои се и од каде се тие. Затоа сакав да помогнам за новите деца коишто доаѓаат да имаат подобри услови“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...