Ибра против своите по бодови

Денешната пресметка меѓу Малме и ПСЖ дефинитивно ќе мине во знакот на Златан Ибрахимовиќ кој се враќа на местото каде што ја почна својата професионална кариера. Малме беше првиот тим на Ибра, па тој е во центарот на вниманието веќе извесно време, па сега останува да се види што и како ќе направи на теренот.

„Чувството е посебно. Доаѓам со друг тим да играм против мојот прв тим со кој освоив титула. Сепак, кога излегувам на теренот заборавам на сè друго и се трудам да го покажам најдоброто. Денеска ќе се потрудам да покажам колку можам и да ги израдувам фановите. Ќе направам сè за тие да можат да уживаат во фудбалот кој ќе го видат. Сигурно дека нема да биде лесно, но на мене е да одиграме добро и да придонесам за добар резултат на мојот тим“, вели Ибрахимовиќ.




СИНОВИТЕ ВО РАЗЛИЧНИ ДРЕСОВИ

Има и една интересна работа која му се случува во домот, а била актуелна уште пред средбата. Се работи за неговите синови. Тие се фанови на различни тимови, па денеска ќе бидат на две спротивставени страни. Едниот од синовите навива за Малме, а другиот за ПСЖ, па ќе биде навистина интересно бидејќи на теренот ќе мора да најде начин да им ги оствари барањата на синовите, кои се тотално спротивни.


БЛАН ВО ПРОБЛЕМИ

Тренерот на ПСЖ се соочува со проблеми пред гостувањето во Шведска. Тој не може да смета на неколку клучни играчи, па ќе има целосно изменет тим. Му недостигаат одбранбени и фудбалери од средниот ред така што ќе треба да внесе во игра играчи кои досега обично беа резерви во ЛШ.

Пасторе, Лавеци, Верати... се дел од играчите кои ги нема, па ова отвора простор за изненадување од страна на тимот на Малме.


ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВАН ГАЛ

Дел од повредените фудбалери на Манчестер Јунајтед се најдоа на последниот тренинг пред дуелот против ПСЖ, а тоа е добра вест за Луис ван Гал пред важниот натпревар. Вејн Руни, Антони Марсијал и Маруан Фелаини беа заедно со другите на тренингот, па тие влегуваат во комбинација за денешната средба така што изборот за натпреварот ќе биде далеку поголем отколку што Ван Гал претпоставуваше.

Со ова станува јасно дека составот на „ѓаволите“ ќе биде посилен отколку против Вотфорд во саботата кога беше обезбедена победа од 2:1 на гостински терен во Премиерлигата.


АСТАНА ВЕРУВА ВО УСПЕХ

Првиот дуел кој ќе се одигра денеска, а почнува од 16 часот меѓу Астана и Бенфика сигурно ќе донесе возбудувања, а од страна на тренерот на домашните е најавено дека ќе се направи сè за да се освојат бодови.

„Нашиот план секогаш е да играме со победа. Секогаш верувам во успесите на мојот тим. Ако не го правев тоа немаше ниту да бидам овде. Најважно е тренерите и сите во клубот да си ја вршат својата работа. Ние сме тие кои треба да ги мотивираме играчите, а тие знаат дека ако бидат сериозни кон работата ќе дојдат и резултатите“, вели тренерот на Астана, Станимир Стоилов.


САМО РЕАЛ Е СИГУРЕН

Од тимовите кои денеска настапуваат само Реал Мадрид може да се каже дека е сигурен околу пласманот во елиминациите од Лигата на шампионите. Ситуацијата на табелата во другите групи е таква што на сите им дава теоретски шанси така што останува денеска да се види кои од овие состави ќе успеат да се пласираат понатаму.



Сосема извесно е дека ќе има уште неколку тима кои ќе му се придружат на Реал Мадрид меѓу осминафиналистите, но ќе има и такви коишто ќе мора да почекаат за местото меѓу најдобрите 16 како и такви коишто ќе се надигруваат и во декември за место во Лигата на Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...