Денес ќе се доделува „Златна топка“ на ФИФА

Годината која неодамна измина на фудбалски план секако ќе биде запаметена по доминацијата што ја имаше екипата на Барселона. Каталонскиот гигант во 2015 година во витрините на „Ноу Камп“ додаде пет нов трофеи, кои блеснаа и покажаа колку беа успешни тие 12 месеци за клубот. Ниту еден клуб во светот немаше таква доминација и не се израдува на толку многу пехари.

СЕЛЕКТОРИТЕ, КАПИТЕНИТЕ И НОВИНАРИТЕ ГО ОДЛУЧУВААТ ПОБЕДНИКОТ



За сработеното во текот на една година Светската фудбалска федерација ФИФА традиционално ги прогласува најдобрите. Церемонијата за избор на најдобрите ФИФА ќе ја одржи денеска во Цирих. Тука ќе се дознаат најдобрите играчи во машка и во женска конкуренција, најдобриот тим во светот, стрелецот на најубавиот погодок, најдобар тренер.

Покрај многуте награди, сепак, во фокусот е изборот за најдобар фудбалер во светот. Тоа е најпрестижната индивидуална награда што секој фудбалер мечтае да ја освои. Во гласањето за најдобар учествуваат селекторите и капитените на сите репрезентации кои се членки на Меѓународната федерација. Покрај нив свој гласови играат и новинарите од сите овие земји. Тоа е така бидејќи ова признание ФИФА го доделува во соработка со престижниот спортски весник „Франс Фудбал“.

НЕЈМАР ЕДИНСТВЕНО НЕ ОСЕТИЛ КАКО Е ДА СИ НАЈДОБАР



ФИФА првично имаше листа од 55 играчи кои беа одбрани за најдобри во изминатиот период. Подоцна тој список беше скратен на 23 фудбалери, за на крајот во потесниот избор да останат само најдобрите тројца. Со надеж дека нивното име ќе биде прочитано во овој избор за најдобар се Лионел Меси, Нејмар (двајцата од Барселона), како и Кристијано Роналдо од Реал Мадрид.

Двајца од овие тројца веќе многу добро знаат какво е чувството да се биде најдобар. Меси е рекордер со четири „Златни топки“, додека Кристијано Роналдо е актуелен освојувач на ова признание, кое досега го има добиено трипати. Единствено Нејмар не бил крунисан и за него ова е прв пат да биде меѓу најдобрите тројца.

МЕСИ И РОНАЛДО ЈА ПРИВАТИЗИРАА НАГРАДАТА

Интересно е што во изминативе седум години оваа награда завршува во рацете само на двајца играчи. Тоа се Меси и Роналдо. Двајцата играчи кои доминираат во светскиот фудбал со своите индивидуални способности, едноставно како да ја претворија оваа награда во лично ривалство за тој кој ќе биде подобар во текот на една година.

Кристијано Роналдо е прв што се израдува на „Златната топка“ и тоа во 2008 година, како играч на Манчестер Јунајтед. Тогаш Меси за првпат се најде меѓу најдобрите тројца и на крајот го освои второто место. Следната година ситуацијата беше обратна. Аргентинецот ја сефтоса наградата, додека Роналдо мораше да се задоволи со второто место.



Во 2010 година за првпат се случи ФИФА и „Франс Фудбал“ да ги обединат изборите. Тоа беше и уникатна сезона бидејќи тогаш прв и засега единствен пат се случи најдобрите тројца да бидат од еден клуб. Меси го освои признанието пред соиграчите Андрес Иниеста и Чави Ернандес. Доминацијата на Лео во овој избор продолжи и во следните две години, а Роналдо мораше да се задоволува со второто место.

Конечно во 2013 година заврши четиригодишното владеење на Меси, па Роналдо се врати на тронот, а Меси падна на второто место. Така беше редоследот и на последниот избор од пред една година, што значи дека Португалецот е бранител на тронот.

АРГЕНТИНЕЦОТ ДОНЕСЕ ПЕТ ТРОФЕИ, КРИСТИЈАНО НЕ ОСВОИ НИШТО

Според сите проценки и предвидувања, Португалецот денеска ќе мора да го отстапи тронот и тоа многу веројатно дека ќе биде повторно на Меси. Според успесите во 2015 година, Меси е многу поуспешен. Тој ја предводеше Барселона до пет трофеи од шесте натпреварувања во кои учествуваше. Каталонскиот гигант прво го крена трофејот во Купот на Шпанија, а потоа беше крунисан и во Примера, за најдобар тим во земјата. Во првата половина од 2015 година се израдуваа и на трофејот во Лигата на шампионите. Благодарение на овие пехари добија шанса да се борат на уште три фронта. Тоа го искористија и триумфираа во Суперкупот на Европа, а единствениот кикс го направија во Суперкупот на Шпанија, кога по двомечот беа поразени од Атлетик Билбао. Одличната сезона Барселона ја заокружи со уште еден трофеј во декември. Каталонците се искачија на планетарниот трон, откако беа најдобри на Светското клупско првенство.

Освен Меси, во сите овие титули на Барселона, учествуваше и Нејмар. Капитенот на бразилската репрезентација ја имаше најдобрата година во неговата кариера и токму затоа е дел од најдобрите тројца. Сепак, тешко дека Нејмар барем овој пат ќе има шанси да му се спротистави на Меси во изборот на „Златната топка“.

Роналдо имаше одлична индивидуална сезона, но кога ќе се видат резултатите на клупски план, Португалецот е очаен. Тој не се израдува на ниту еден трофеј и неговиот тим постојано беше во сенка токму на Барселона предводена од Меси.

НЕЈМАР СОНУВА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ „ЛОЗАТА“ НА БРАЗИЛЦИТЕ



До пред да почне доминацијата на Меси и Роналдо, „Златната топка“ беше награда која најчесто ја освојуваа Бразилците. Тие едноставно доминираа откако беше дозволено да се доделува признанието и за играчи кои не се од Европа. Прв Бразилец со оваа награда беше Ромарио, кој ја освои во 1994 година. Потоа следуваше Роналдо со три трофеи во 1996, 1997 и 2002 година. Ривалдо беше најдобар во 1999, додека Роналдињо доминираше во 2004 и 2005 година. Рикардо Кака е последниот освојувач на трофејот во 2007 година.

Сега Нејмар е во ситуација да биде најдобар, но ако тоа не го направи оваа година, многумина прогнозираат дека Бразилецот ќе биде играч кој ќе доминира во светскиот фудбал во наредните неколку години, што значи дека може да се очекува да стигне до тронот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...