ДЕСЕТТЕ НАТПРЕВАРИ ПОРАДИ КОИ МЕСИ БЕШЕ ПОДОБАР ОД СИТЕ КОНКУРЕНТИ ВО 2015 ГОДИНА

Кралот Лео и неговото кралство

И неколку дена по доделувањето на „Златната топка“ за 2015 година сосема јасно е дека Лионел Меси уште еднаш сосема заслужено стигна до престижната награда која петти пат во кариерата ја носи со себе од Цирих. Можеби оние кои се фанови на некој друг фудбалер ќе го оспорат изборот, но дефинитивно фудбалските аргументи кои се безброј се на страната на Меси така што нема ништо спорно.



Рекордите, головите и титулите се причина плус да биде барем една класа на другите. Неговата способност да ги решава сам и најсложените натпревари го издвојуваат и едноставно го создаваат Кралот Лео.

Во 2015 година имаше три минуси. Првиот беше во загубеното финале на Копа Америка, потоа загубениот Супер куп на Шпанија и повредата која ја доби на 26 септември на мечот против Лас Палмас. Затоа, пак, имаше многу одлични моменти, а направивме избор на топ 10 од нив.

СЕ ИЗРАМНИ СО ТЕЛМО ЗАРА

18 февруари 2015

Барселона доминираше на дуелот со Леванте на „Ноу Камп“, а Меси успеа да забележи хет-трик. Со овие три гола успеа да се израмни со Телмо Зара според бројот на натпревари на кои има постигнато по три гола во еден тим во Примера. Тоа беше негов хет-трик број 31 во кариерата. Рекордот падна нешто подоцна со трите гола против Рајо при победата од 6:0, а последниот хет-трик го имаше минатиот викенд против Гранада. Во саботата Барселона победи со 4:0, па тоа беше хет-трик број 33 за Меси. Од нив 26 се во Примера, пет во Лигата на шампионите, два во Копа дел Реј и еден во Супер купот на Шпанија.

ГОЛ БРОЈ 400 ВО БАРСА

18 април 2015

Барселона се сретна со Валенсија, а победата беше изразена со 2:0. Лео стигна до својот погодок број 400 во дресот на Барселона. По ова следуваа уште 30 гола, па во моментов Меси има 430 погодоци на 503 официјални натпревари во дресот на Барселона. Тоа е 0,85 гола во просек по натпревар.

ГО УНИШТИ БАЕРН ВО ЛШ

6 мај 2015

На патот кон петтата круна во Лигата на шампионите, Барселона мораше да се судри со Баерн Минхен, и тоа во полуфиналето. Меси самиот го реши првиот меч со два погодока и асистенција во конечните 3:0. Во тој момент стана и најдобриот стрелец во Лигата на шампионите со 77 гола кои подоцна беа надминати од Роналдо.



СО ГОЛ ДОНЕСЕ ТИТУЛА ВО ПРИМЕРА

17 мај 2015

Барселона пристигна на „Висенте Калдерон“ за да го врати ударот и да ја врати титулата во Примера во свој посед. Беше потребна победа против Атлетико Мадрид, а тоа беше најдобра можност да се врати на ист начин бидејќи во годината пред тоа Атлетико дојде до титулата на „Ноу Камп“. Барселона победи со 1:0 со голот на Меси, а тоа беше титула број 23 за Барса во историјата на Примера.

ШОУ ПРОТИВ АТЛЕТИК ВО КУПОТ

30 мај 2015

Само две недели по титулата во првенството следеше финалето во Копа дел Реј каде што Барселона се сретна со Атлетик на „Ноу Камп“. Беше јасно кој е фаворит, а Барселона победи со 3:1. Два од головите беа дело на Меси, а при првиот мина дури пет противнички фудбалери пред да ја смести топката во голот со левата нога.

ЈА ОДВЕДЕ БАРСА ДО ТРЕТА КРУНА

6 јуни 2015

Финалето во Лигата на шампионите беше меѓу Барселона и Јувентус, а се одигра во Баерлин. Барселона победи со 3:1, а головите ги постигнаа Ракитиќ, Суарез и Нејмар. Сепак, Меси беше предводникот на Каталонците во оваа голема победа со што тимот на Барселона стана првиот кој двапати успева да стигне до три титули во една сезона.

ДВАПАТИ ВО МРЕЖАТА НА СЕВИЉА

11 август 2015

Во Супер купот на УЕФА во Тбилиси ривал на Барселона беше екипата на Севиља, а мечот траеше дури 120 минути. Голем дел од фудбалерите на Барса немаа тренинзи со тимот бидејќи играа на Копа Америка, па тоа беше голем предизвик бидејќи Луис Енрике немаше тим кој е подготвен да влезе во битка за победа. Сепак, Меси постигна два гола од слободен удар, но после 90 минути беше 4:4. Во 115. минута победата ја донесе Педро.

НАЈМЛАД ДО 100 МЕЧА ВО ЛШ

16 сепмтеври 2015

На средбата против Рома, која заврши со резултат 1:1, Меси забележа нов рекорд во својата кариера. Тоа беше натпревар број 100 во неговата кариера, а стана најмладиот фудбалер кој успеал да стигне до ваква бројка во својата кариера.

ПОГОДИ И ПРОТИВ РИВЕР

20 декември 2015

Во финалето на Светското клупско првенство против Ривер Плата тој успеа да реализира за водство од 1:0. Тоа беше најава за голема победа, а го следеа и партнерите од најдобрата напаѓачка тројка МСН, Суарез и Нејмар за конечни 3:0 и петта круна во годината.

ПОГОДИ ВО СИТЕ НАТПРЕВАРУВАЊА

6 јануари 2016

На средбата со Еспањол од Купот на Шпанија реализираше двапати во победата од 4:1. Ова беше единственото натпреварување во сезоната во кое немаше постигнато гол. По Лигата на шампионите, Примера, Супер купот на УЕФА, Супер купот на Шпанија и Светското клупско првенство погоди и во Копа дел Реј со што го повтори успехот од 2011/2012. На тој начин дојде барем до еден гол во секое од натпреварувањата во кое учествуваше.

Со ваков резултат може да се пофали и Педро, кој реализираше во секое од натпреварувањата во сезоната 2008/2009.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...