Најслаба сезона на Роналдо во Реал

Најдобриот играч на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, сезонава не е толку важна алка на тимот. Тоа го покажува статистиката која беше направена за досегашниот дел од сезоната. На неделниот меч со Гранада Португалецот не успеа да се запише во листата на стрелците, но фаворитот на крајот, сепак, успеа да победи со 2:1.

Роналдо сезонава даде вкупно 30 погодоци во 29 средби. Тоа е одлично и го продолжува неговиот просек од повеќе од еден погодок по натпревар во дресот на Реал. Сепак, овие 30 погодоци тој ги постигна на само 14 средби, додека на 15 меча не успеал да ја затресе противничката мрежа. Тоа значи дека Кристијано не успеал да даде гол на повеќе од пола натпревари на кои играше сезонава. За разлика од најголемата ѕвезда на Реал, многу поконстантен со погодоци е Карим Бензема, кој игра одлично.



ПОГОДИЛ САМО НА 48,2 ОТСТО ОД МЕЧЕВИТЕ

Португалецот ја игра седмата сезона во дресот на Реал и секогаш досега завршувал со реализација на преку 50 отсто од мечевите на кои играл. Најслабата сезона досега со „кралевите“ ја имал во 2010/11, кога погодил само на 51,8 отсто од мечевите. Сега неговиот процент е со 48,2 отсто, во оваа категорија. Колку само за споредба, минатата сезона голгетерот погодуваше на 60 отсто од средбите на кои настапи. Неговиот рекорд е во сезоната 2013/14 кога се запишал во листата на стрелци на дури 72 отсто од средбите на кои играше.

ИМ ДАВА ГОЛОВИ САМО НА ПОСЛАБИТЕ ЕКИПИ

Секако, до крајот на сезоната има шанси Роналдо да го поправи сегашниот биланс, но факт е дека сезонава Роналдо погодува на дуелите со послабите противници. Даде дури осум гола во двата меча со Еспањол, четири погодоци му даде на Малме, а трипати ја тресеше мрежата на Шахтјор. Во големите дерби мечеви, Португалецот беше непрепознатлив и безопасен за противничките мрежи.

УШТЕ ДВЕ СЕЗОНИ ЌЕ БИДЕ „КРАЛ“

Актуелниот договор со Реал му е до јуни 2018 година. Иако постојано има шпекулации дека може да си замине, Португалецот вели дека ќе го одработи тоа што го потпишал со тимот од „Сантијаго Бернабе“.

„Сакам да освојам уште еден трофеј во Лигата на шампионите со Реал Мадрид. Имам уште две години од договор. Ќе го одработам, а потоа ќе видиме каде ќе ја продолжам кариерата“, рече Роналдо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...