Гвардиола: Јувентус е тоа, не очекувавме да го победиме со 7:0

Јувентус и Баерн одиграа фантастичен прв осминафинален натпревар во рамките на Лигата на шампионите кој заврши со резултат 2:2. Баерн доминираше во првите 55 минути, но потоа Јувентус се издигна и го израмни резултатот. Јувентус остана во игра иако во Минхен има обврска да победи.

Тренерот Пеп Гвардиола е задоволен од играта на својата екипа па и од резултатот кој е поволен пред реваншот на „Алијанц арената“.

„Тоа беше страшен меч меѓу две фантастични екипи. Прекрасно беше да се дојде во Торино и да се одигра на тој начин против Јувентус. Задоволен сум од играта на мојата екипа. Јувентус имаше три удари и даде два гола, но тоа е голема екипа па во Торино тешко дека некој може да издржи без да прими гол. Не ни мислевме дека можеме во Торино да доминираме и да победиме со 7:0. Знам дека луѓето зборуваат само за резултатот, а никој не зборува за играта. Баерн се покажа во одлично светло“, изјави Гвардиола.

Според него, немало замор кај неговите фудбалери во финишот на мечот.

„Ако имаше пад немаше да атакуваме во последните 15 минути. Зарем мислевте дека можеме да доминираме во сите 90 минути против екипа која ги има Погба, Манџукиќ, Мората, Буфон и Бонучи кој ми е еден од омилените играчи?“, вели Пеп.

„Точно е дека Јувентус има шанси да се пласира понатаму, а имаме и ние“, заврши шпанскиот стратег.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...