Зидан: Нема да е неуспех ако не победиме

В сабота, на „Сан Сиро“ во Милано се игра финалето на Лигата на шампионите и веќе почна да се загрева атмосферата пред големата пресметка меѓу мадридските ривали Атлетико и Реал. Диего Симеоне и Зинедин Зидан првпат ќе се соочат како тренери во еден европски меч, а тоа ќе биде голема психолошка војна покрај аут-линијата. Пред две години овие два ривали играа за големиот трофеј, а тогаш Реал со Карло Анчелоти на клупата (и Зидан како асистент) излезе како победник. Овој пат Симеоне има шанса за реванш против лутиот ривал, а Зидан како тренер дебитант има шанса да се закити со првиот трофеј.



Францускиот ас признава дека Атлетико на Симеоне е компактен тим кој знае да игра на резултат и одлично да го чува голот што неколкупати сезонава го покажа во Примера и во Лигата на шампионите. Според него не би било трагедија доколку Реал не го освои пехарот туку би било трагедија ако тимот не го даде мексимумот во борбата за истиот.

„Нема да е неуспех ако не победиме. Неуспех ќе биде ако не го дадеме максимумот на теренот. Важно е да влеземе подготвени на мечот бидејќи во едно финале сè може да се случи“, вели „Зи-зу“ на прес-конференцијата во спортскиот центар на Реал.

„Тешко е да се каже дали сме подобри од пред две години. Идејата е да играме најдобро што знаеме. А сигурно е дека ќе страдаме до последниот судиски свиреж. Поминаа два месеци од поразот од Атлетико. Од тој пораз научивме многу и вложивме многу труд за да стигнеме дотука“, вели Зидан, кој вели дека Симеоне ги поседува сите квалитети на еден голем тренер.

„Што се однесува до учеството во финалето на ЛШ, имам искуство само како фудбалер и асистент. Сега како тренер ќе дадам сè од себе да го освојам трофејот. Ќе има тензии на теренот, но ќе се обидам смирен и трпеливо да ги решавам проблемите“, додаде францускиот стратег.

ПОВРЕДАТА НА РОНАЛДО ГО ИСПЛАШИ ТИМОТ



Најдобриот играч на Реал, Кристијано Роналдо, доби удар од голманот Кико Касиља за време на тренингот во вторникот и мораше предвреме да го напушти теренот. Веднаш се појавија информации дека Португалецот може да не заздрави на време за да го одигра финалето, но само неколку часа подоцна објасни дека сè е в ред со него.

„Тоа беше лесна повреда, слаб удар, но ќе бидам подготвен за мечот в сабота. Мотивиран сум и едвај чекам да излезам на теренот, а би било убаво повторно да дадам гол и да го подобрам рекордот, но не ми е грижа за тоа, поважно е да победиме“, вели Роналдо.

СИМЕОНЕ ВО ИНСПЕКЦИЈА НА ТЕРЕНОТ НА „САН СИРО“

Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, не сака никакви непредвидени изненадувања на патот кон големата цел во Лигата на шампионите, па тој самиот се ангажирал и бил во посета на Милано каде ќе се игра големото финале. Симеоне извршил увид на сè - соблекувалната, актуелната состојба на тревата на „Сан Сиро“, хотелот во кој ќе биде сместен тимот, менито за исхрана на фудбалерите и други ситни детали.



Атлетико денеска ќе патува за Милано, а по направената инспекција Симеоне ќе одлучи дали тоа ќе биде попладне или наутро. Неговиот тим може да се подготвува на една од базите на двата милански клуба - Интер и Милан, но двете се далеку од местото каде е сместен тимот. Па аргентинскиот тренер се консултирал со својот пријател и сонародник Хавиер Занети, кој долги години играше за Интер за да го најде најдоброто решение.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...