Гризман: Се надевам дека ќе го кренам пехарот во ЛШ

Најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман изјави дека евентуалното освојување на трофејот во Лигата на шампионите би претставувало остварување на неговиот сон.

Гризман со Атлетико в сабота, на „Сан Сиро“ во Милано, го очекува финалниот меч во ЛШ против градскиот ривал Реал.



- Освојувањето на Лигата на шампионите е остварување на мојот сон. Се надевам дека ќе имам можност викендов да го кренам во раце трофејот. За да ми се исполни овој сон, ќе мора сите заедно да вложиме многу труд и да го дадеме последниот атом од себе, изјави Гризман, за официјалната интернет страна на УЕФА.

Французинот потврди дека сите во Атлетико се максимално подготвени и мотивирани да му се реваншираат на Реал за поразот во финалето 2014 година, кога популарните „јорганџии“ ги делеа секунди од освојување на шампионскиот трофеј.



- Мораме да бидеме сконцентрирани секоја минута, секоја секунда. Едноставно, мораме да го дадеме својот максимум како и на сите натпревари до сега. Нашата шанса за успех ќе биде поголема доколку први постигнеме гол, дополни Гризман.

Сезонава во елитното натпреварување тој за Атлетико постигна седум од 16 голови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...