Погба е во Манчестер, се чека договор

Репрезентативецот на Франција и играч на Јувентус, Пол Погба од вчера се наоѓа во Манчестер, а прашање е на време кога ќе дојде до официјализирање на договорот. Иако се очекуваше тоа да се случи вчера пристањето после пладне веројатно беше причина за одлагање на прегледите и на потпишувањето на договорот.

Погба беше во центарот на вниманието уште по слетувањето на авионот на аеродромот, а потоа следуваше комплетно следење додека го пренесуваа со автомобилот до хотелот.



Последните информации беа дека ќе бидат направени комплетни прегледи, за коишто е потребно време и не можат да бидат завршени во еден ден, па веројатно затоа и немаше ништо до крајот на вчерашниот ден. Оттаму денеска се очекуваат нови моменти и можеби и официјализирање на соработката меѓу Манчестер јунајтед и Погба.

ВТОРПАТ ВО ЈУНАЈТЕД

Ова ќе биде вторпат како Погба доаѓа во Манчестер. Тој во 2012 година незадоволен од третманот кај Фергусон и недобивањето на минутажа за сума од 800.000 фунти замина во Јувентус каде што прерасна во лидер за само неколку години.

Сега се очекува трансфер од 110 милиони евра кој ќе биде рекорд на сите времиња. И не би било ништо чудно доколку не се работи за играч кој Манчестер јунајтед го имаше во своите редови, а го загуби поради лоша проценка и неисполнување на желбите на фудбалерот за минутажа на теренот.

ДОГОВОР НА ПЕТ ГОДИНИ

Она што се очекува е да биде потпишан договор на пет години, а платата на Погба би требало да биде 290.000 фунти неделно. Засега ова е само најава, но можно е веќе денеска да има и конкретни информации и бројки за неговиот трансфер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...