Погба пак „ѓавол“ за 105 милиони евра

Со враќањето на Пол Погба во Манчестер јунајтед е урнат трансферниот рекорд и Бејл е симнат од врвот на вечната листа каде што беше со 100 милиони евра.

Трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед ќе биде запишан како трансфер број 1 во историјата на фудбалот бидејќи тој се врати меѓу „ѓаволите“ за сума од 105 милиони евра што е повеќе од досегашниот рекорд на Герет Бејл за пет милиони. Погба беше долго најавуван како нов фудбалер на Манчестер, а пристигна во клубот на неполна недела до почетокот на новата сезона во Премиер лигата.

ПЕТ МИЛИОНИ ВО БОНУСИ

Покрај тоа што Манчестер јунајтед ќе мора да уплати 105 милиони евра на сметката на Јувентус, тимот од Торино може да добие и уште пет милиони евра кои се предвидени во клаузулата за бонуси. Тоа ќе зависи од титулите и од успесите коишто ќе ги има Погба во новата екипа.

ЗАРАБОТИ И РАИОЛА

Сумата која што претходно е пресметана не е целосна бидејќи ќе има уште што ќе треба да биде платено од страна на двете екипи. Јувентус и Манчестер јунајтед ќе треба да му платат по 10 милиони евра на Мино Раиола поради трансферот на Погба така што и тој ќе има одлична заработувачка за овој трансфер.

ТАКА БИЛО ПИШАНО

Кога пред четири години Погба го напушташе Манчестер јунајтед и се пресели во Јувентус сумата која што беше платена за неговиот трансфер изнесуваше 1,5 милиони евра. Тоа е смешна сума во однос на онаа што сега е платена во спротивна насока. Токму поради тоа Јувентус направи одличен трансфер и успеа да заработи од Погба и тоа од тимот од кој претходно го имаше купено.

Сепак, самиот Погба е задоволен од можноста одново да игра во Манчестер.

„Се чувствувам како да сум се вратил дома, по долг престој во странство. Ми било пишано еден ден да се вратам во Јунајтед. Мајка ми ми кажа дека ќе се вратам во Јунајтед, а јас и велев дека ништо не се знае. Тоа како да беше знак дека е време за враќање назад. Јунајтед е клуб секогаш бил во моето срце и задоволен сум што ќе можам да работам со Мурињо. Во Јувентус ми беше одлично и таа етапа од мојата кариера засекогаш ќе има специјално место кај мене. Сметам дека во вистински момент се вратив на Олд Трафорд“, вели Погба.

ОЛД ТРАФОРД, ОМИЛЕН СТАДИОН

Тој имаше убави зборови за играњето пред фановите на Манчестер јунајтед така што сега може да го оствари својот сон.

„Секогаш сум сакал да играм на Олд Трафорд. Немам трпение да почнам да играм натпревари и сакам да бидам од голема корист за екипата. Мислам дека Јунајтед е вистинскиот избор за мене и се надевам дека тука ќе успеам да го исполнам она што го посакувам и за коешто сонувам во фудбалот“, коментира Погба.

НОВИОТ ЛИДЕР

За менаџерот на Манчестер јунајтед нема дилеми околу тоа кој ќе биде новиот лидер на екипата во следната деценија. Отсега натаму ќе се смета сериозно на фудбалерот од средниот ред така што на Мурињо е да му ја даде вистинската шанса.

„Пол е еден од најдобрите фудбалери во светот и ќе стане клучен дел од екипата која сакам да биде изградена. Тој е брз играч, силен и знае да ја прочита играта далеку подобро и од многу поискусни играчи. Пога има само 23 години и тој ќе биде на позицијата во Јунајтед уште многу години. Верувам дека во следните 10 години тој ќе биде лидерот на оваа екипа“, вели менаџерот на „ѓаволите“, Жозе Мурињо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...