Илија Несторовски, стрелецот на единствениот гол на Македонија, жали што нашата репрезентација не успеа да избори реми кое дефинитивно го заслуживме.
„Промашивме 7-8 шанси, на крајот имавме и пенал, но очигледно не не сака ниту среќата. Заслуживме повеќе и вечерва и на неколку натпревари претходно. Комплетно го надигравме Израел, но фортуната ни го заврте грбот. Не знам, ни треба малку среќа за да направиме комплетен пресврт. Искрено мислам дека играме добро, тоа и вечерва го прикажавме. Жално е што успеавме да забележиме успех кога доминираме вака на теренот“, изјави Несторовски.