Меси ги тероризира англиските екипи

Напаѓачот на Барселона Лионел Меси повторно успеа да го сврте вниманието кон себе и повторно да биде на насловните страници во светскиот печат.

Аргентинецот постигна хет-три во победата на неговата екипа над Манчестер сити и така заокружи 89 погодоци во Лигата на шампионите. А најдобриот светски фудбалер штотуку се врати по повредата поради која отсуствуваше извесен период, но веднаш зареди со голови, прво влезе како резерва и даде гол против Ла Коруња во првенството, а веќе во вториот меч им даде три на „милионерите“ од Манчестер предводени од Пеп Гвардиола, неговиот поранешен учител.

А токму со тие три погодоци аргентинскиот ас повторно ги поместуваше границите на рекорди. Со 50 погодоци на домашен терен за Барса во елитното европско клупско натпреварување го помина легендарниот напаѓач на овој клуб Раул. Има вкупно 37 хет-трика во дресот на Барселона од кои 26 му се во Примера, а седум во Лигата на шампионите, два во Купот на Шпанија и еден во шпанскиот Супер куп.

Но, она што е повпечатливо е што Меси стана кошмар за англиските екипи, поради тоа што против нив постигнал најмногу голови во Лигата на шампионите. Тој веќе собра 16 од вкупно 25 натпревари против нив, а најомилен „пациент“ му е Арсенал, чија мрежа ја тресел деветпати.

Треба да се напомене дека тие голови им ги дал на Сити, Јунајтед и Арсенал, а од тие против кои играл единствено не успеал да им даде голови на Ливерпул (во два меча) и против Челзи (во осум натпревари). Токму „Сините“ и Жозе Мурињо најдобро знаеле како да го заклучат својот гол пред ураганските налети на Меси.

Секако, еден од најдобрите мечеви Меси го одигра против Арсенал, и тоа во април 2010 година кога даде четири гола во победата на Барса над „топчиите“ со 4:1. Против Сити има уште два гола, постигнати на двата натпревари во ЛШ одиграни пред две години.

А. претходно најголеми пациенти на Аргентинецот беа германските клубови против кои има 15 голови, а најмногу против Баер Леверкузен - 7 од кои само на еден меч против нив постигна пет. Следуваат ривалите од Италија, па Шкотска,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...