Роналдо е прв освојувач на наградата „Најдобар“

Жетвата на трофеи за игрите во 2016 година, Кристијано Роналдо ја заокружи со уште едно вредно признание. Португалецот синоќа ја доби наградата за најдобар играч во светот, во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

ФИФА за првпат го предаде трофејот „Најдобриот“ за играчот кој ја одбележа минатата година. Светската федерација до лани беше дел од изброт на „Златна топка“ на „Франс Фудбал“, но таа соработка заврши и сега повторно има своја церемонија.

Роналдо беше избран за најдобар, пред Лионел Меси од Барселона и Антоан Гризман од Атлетико Мадирд.



РЕАЛ ГО ОДВЕДЕ НА НАЈВАЖНИТЕ ДВА ТРОНА

Роналдо беше играчот кој ја одбележа годината, освојувајќи ги сите најзначајни трофеи, како на клупско така и на репрезентативно ниво. Со Реал Мадрид стана европски и светски клупски првак. Беше прв стрелец на „Кралскиот клуб“ во елитната европска лига и вистински предводник до рекордниот 11 голем сребрен трофеј, кој заврши во витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

Со освојувањето на Лигата на шампионите, Реал доби шанса да се бори за уште два меѓународни трофеи, кои на крај ги доведе во Мадрид. Реал се радуваше и во Суперкупот на Европа, а минатиот месец беше најдобар и на Светското клупско првенство. Очекувано, Роналдо беше прогласен за најдобар играч на турнирот во Јапонија.

СО ПОРТУГАЛИЈА ИСПИША ИСТОРИЈА



Ако со Реал се радуваше на трофеи кои и порано ги има освојувано, тогаш во репрезентативниот дрес испиша историја. Португалија за првпат стана европски првак, а токму Кристијано беше играчот кој прв го крена трофејот за најдобрите.

На континенталниот собир во Франција, Португалија во финалето со 1:0 го победи домаќинот. Роналдо се повреди во финалето, но неговите соиграчи направија на крајот тој да го крене пехарот.

НЕМА ШТО НЕ ОСВОИ

Цел список има на награди кои ѕвездата на Реал ги освои во овој период. Освен ова награда „Најдобар“ од ФИФА, тој ја освои и „Златната топка“ на Франс Фудбал. Беше избран и за најдобариграч во Европа според УЕФА, најдобар според „Ворлд Сокер“, според ИФХСС... На светско клупско ја доби и „Златната топка“ и „Златната копачка“, а на ЕП во Франција ја освои „сребрената копачка“. Номрлано беше дел од најдобриот тим на првенството. Едноставно сите најважни индивидуални награди завршија во рацете на Роналдо.

ИЗБОР НА ФИФА ЗА 2016 ГОДИНА
НАЈДОБАР ФУДБАЛЕР
Кристијано Роналдо
НАЈДОБРА ФУДБАЛЕРКА
Карли Лојд
НАЈДОБАР ТРЕНЕР
Клаудио Раниери
НАЈДОБРА ЖЕНА ТРЕНЕР
Силвија Наид
ПУШКАШ НАГРАДА
Мохд Фаиз Субри
ФЕРПЛЕЈ НАГРАДА
Атлетико Насионал
НАЈДОБРИ НАВИВАЧИ
Борусија Дортмунд и Ливерпул



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...