Мундијалот во 2026 година ќе биде со 48 селекции

Светскиот фудбал доби ново поглавје. Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) одлучи да се зголеми бројот на учесници на Светското првенство. Наместо досегашните 32 учесници, бројот на репрезентации кои ќе бидат дел од завршницата ќе се зголеми на 48. Оваа одлука во сила ќе стапи од Мундијалот кој ќе се игра во 2026 година.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, е креаторот на оваа голема промена во фудбалот. Инфантино уште во изборната кампања најави дека ќе се труди да се зголеми бројот на учесниците на планетарните собири. Тој му успеа да го оствари за неполна година од мандатот.

ЕДНОГЛАСНА ОДЛУКА ОД 211 ЧЛЕНКИ

На вчерашниот состанок во Цирих, сите 211 земји членки кои присуствуваа гласаа за зголемување на бројот на учесниците на СП. На состанокот биле понудени пет опции за гласање. Две опции биле за да се зголеми бројот на учесниците на 48 селекции, две биле за да на Мундијал со по 40 репрезентации, а едната била да не се менува актуелниот формат.

Интересно е што сите гласале за еден предлог. Одлучено е да има проширување за 12 екипи.

ЌЕ ИМА ДУРИ 16 ГРУПИ СО ПО ТРИ СЕЛЕКЦИИ

За сите федерации најприфатлив бил форматот да има дури 16 групи во кои ќе има по три репрезентации. Првопласираните две селекции ќе продолжат понатаму, додека последниот испаѓа. Тоа значи дека најслабиот тим наместо досегашните три натпревари, ќе игра само две средби.

Вкупно 32 екипи ќе продолжат во нокаут фазата. Ќе започне со 16-финалето и ќе се игра на елиминиации до крајот. Селекциите кои ќе стигнат до завршницата, вкупно ќе одиграат седум натпревари, што значи дека нема да има зголемување на напорите на играчите. Многу клубови бараа играчите да не играат повеќе од седум средби на Мундијалот бидејќи тоа би било преголем замор.

НЕМА НЕРЕШЕНО, ЌЕ ИМА ПЕНАЛИ

Фактот дека ќе се играат само по два меча во групите, значи дека ќе има многу поголеми калкулации и шанса да има селекции со ист биланс. Затоа постои опција да се реши и тој проблем.

Предлогот е во групната фаза да нема нерешени мечеви. Доколку по 90 минути заврши без победник, да се шутираат пенали и со тоа да има екипа со предност. Засега ова е само предлог, но реално е добие и официјална потврда.

СЕКОЈА ЧЕТВРТА СЕЛЕКЦИЈА НА ЗАВРШНИЦАТА

Според сегашнииот формат, на СП има вкупно 64 средби. Со зголемување на бројот на учесници, ќе се зголеми и бројот на мечеви, што е добра вест за навивачите. Од 2026 година ќе има вкупно 80 средби, кои ќе се играат во вкупно 32 денови.

Ако се знае дека моментално има 211 членки на ФИФА, а на завршницата на СП 2026 ќе учествуваат вкупно 48, тоа значи дека 23 отсто од земјите ќе бидат дел од Мундијалот. Тоа значи дека речиси секоја четврта земја ќе обезбеди пласман. Според сегашниот систем, само 15 отсто од членките се борат за најзначајниот трофеј.

ИНФАНТИНО: ОВА НЕ Е ПОРАДИ ПАРИТЕ

Се очекува оваа одлука да донесе и многу повеќе пари на сметката на ФИФА. Се проценува дека приходите ќе се зголемат за околу 600 милиони евра, а вкупно би било заработка од преку шест милијарди евра. И покрај овие суми, Инфантино вели дека одлуката да се зголеми бројот на учесници не е поради парите.

„Фудбалот не е само Европа и Јужна Америка. Многу земји ќе добијат шанса да сонуваат за настап на Мундијал. Не сме финансиски мотивирани, но можно е приходот да расте“, рече Инфантино.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...