Македонија оди на победа против Лихтенштајн

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва во Вадуц, против Лихтенштајн ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2018 година во Русија.

Иако, избраниците на селекторот Игор Ангеловски покажаа одлични игри на претходните четири средби, сепак на контото на црвено-жолтите засега нема ниту еден бод во квалификациската „Г“ група. Во таборот на нашата репрезентација веруваат дека доколку се повторат игрите од претходните натпревари, а се подобри прецизноста, тогаш неминовен е успех, односно победа.

- Не настапив на мечот со Италија, но она што го покажаа моите колеги беше за пофала. Се надевам дека доколку ја повториме таа игра, како и настапите од натпреварите против Албанија и Израел тогаш неминовен е успех, односно верувам дека ќе ја оствариме целта и дека ќе го победиме Лихтенштајн, изјави членот на италијанскиот Палермо, Александар Трајковски.

Инаку, досега Македонија и Лихтенштајн имаат одиграно четири натпревари од три завршија со победа на црвено-жолтите.

Единствениот во кој Македонија не победи беше последниот натпревар и тоа во квалификациите за ЕП 2004 година кога на гостински терен одигравме нерешено 1:1.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...