Изјавата на денот му припаѓа на францускиот репрезентативец.
Андре-Пјер Жињак, напаѓачот на Марсеј и повремен француски репрезентативец даде интересен коментар околу можноста тој да заигра за шампионот на Франција Пари Сен Жермен.
„Го мразам ПСЖ. Подобро да умрам отколку да потпишам за нив. Ако ми понудат десетпати повеќе пари, нема да потпишам“, изјави Жињак.
Тоа е донекаде логично за фудбалер кој е роден во гратчето Мартиг на француската ривиера и е голем навивач на Олимпик Марсеј за кого играше во периодот од 2010 до 2015 година. Ривалството меѓу Марсеј и ПСЖ заедно со она меѓу Сент Етјен и Лион е најголемо во Франција.