Раул навива за Шпанија, но посакува реми

Тренерот кој со РК Вардар ни донесе многу радости, утревечер ќе биде во специфична ситуација. Неговата Шпанија ќе игра со нашата најдобра фудбалска репрезентација.

Раул Гонзалез себеси се промовира во историска личност од спортски агол во Македониja. Тој е предводникот на РК Вардар, со кој го освои врвот на ракометна Европа. Минатата недела, во Келн, на Ф4 во ЛШ, тој и неговите блескаа, станаа шампиони на Европа. Сега пред него се обврските и со ракометната селекција на Македонија, која се бори за ново Европско првенство, кое ќе се одржи следната година во Хрватска.

Раул Македонски стана спортска легенда, икона во нашата земја, но утревечер ќе биде во специфична ситуација. Имено, во Скопје доаѓа неговата Шпанија, која во рамките на квалификациите за СП во Русија 2018 година ќе игра со Македонија.

„Секако дека ќе присуствувам на овој натпревар. Имено, добив специјална покана од Фудбалската федерација на Македонија, и мислам да го почитувам. Но и ако не беше поканата, имав намера во живо да ја гледам таа средба меѓу Македонија и Шпанија. Да, се сложувам дека ситуацијата е специфична за мене, но нема дилеми кој е посакуваниот резултат за мене. Мојата желба е да биде нерешено, без победник“, вели Раул.

ЌЕ НАВИВАМ ЗА ШПАНИЈА

„Не треба многу да зборувам за тоа што мислам за Македонија, за вашата земја, за тоа колку ми е убаво тука, во Скопје, во РК Вардар и познато е колку ја сакам Македонија, но, искрено, јас сум Шпанец и затоа ќе навивам за мојата Шпанија. Можеби, не сум дипломат, но барем сум искрен во моите одговори на вашите прашања. Од друга страна, реков веќе, нека биде убава атмосфера, нека се одигра навистина квалитетен натпревар на задоволство на сите што ќе бидеме на стадионот. Посакувам спектакл, посакувам фудбалско уживање, натпревар што ќе се памети и на крајот мечот нека заврши без победник, но да има голови“.

„ФУРИЈАТА“ Е ФАВОРИТ

Според сите мерила, нема дилеми дека Шпанија е фаворит на овој натпревар.

„Па не треба да се трошат зборови за тоа каде е квалитетот. Шпанија е голем фаворит, има поквалитетна селекција, има подобри фудбалери, кои играат во најголемите светски и европски клубови, но не секогаш победуваат фаворитите. Македонија треба да си ја бара својата шанса. Имате добра репрезентација. Во последно време, како што следам, резултатите се добри и затоа треба да си ја побарате шансата во фактот дека Шпанија колку и да е силна, еве, на последниот меч со Колумбија покажа дека не игра баш како што посакуваме сите ние, Шпанците. На момците на селекторот Лопетеги победата им е од круцијално значење, додека за селекцијата на Ангеловски, тоа ќе биде предизвик да се даде максимумот и да се дојде до изненадување“, рече на крајот Раул Македонски.

Ви треба поголема верба

Инаку, Раул сака да им порача нешто на нашите најдобри фудбалери...

„Тие мора да веруваат во себе, да веруваат во своите квалитети. Само така може да се дојде до резултати што ќе бидат на задоволство на сите. Секако дека треба напорна работа, но таа работа на крајот дава резултати. Еве нека го следат примерот на РК Вардар“, дополни Раул.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...