Вардар гостува во Малме во квалификациите за ЛШ

Македонскиот првак Вардар ќе му гостува на Малме во Шведска во натпревар од второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Вардарци вчеравечер тренираа на терен на „Сведбанк“ стадионот и во добро расположение го очекуваат натпреварот. Од оние кои допатуваа во Малме, повредени играчи нема, што значи сите конкурираат за настап.

Шефот на стручниот штаб на „црвено-црните“ Гоце Седлоски на прес-конференција рече дека Вардар е дојден во Шведска по добар резултат.

- Дојдовме тука да направиме добар резултат. Знаеме дека играме против екипа која е добра која секоја година игра во групната фаза од Лигата на шампионите и Лигата на Европа. Моите момци се подготвени да го дадат максимумот, да излезат утре, и се надевам со една наша игра на овој прв меч кој следува, ќе оствариме добар резултат. Последните две години бевме блиску да го минеме тоа второ квалификациско коло, но не успеавме. Еве шанса во третата година по ред во оваа фаза, конечно, да се пласираме понатаму, изјави тренерот на македонскиот шампион.

Почетокот на натпреварот е закажан за 19 часот.

Покрај дуелот Малме – Вардар денеска ќе се одиграат уште 11 натпревари од 2.коло во квалификациите за ЛШ. Реваншите се следната седмица.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...