Зенит неефикасен доаѓа во Скопје

Тимот од Санкт Петербург доаѓа во нашиот главен град со преку 200 минути непостигнат гол над противниците.
Зенит повторно не успеа да постигне гол, на вториот меч по ред и во Скопје, му доаѓа на мегдан на Вардар без да ја затресе противничката мрежа над 200 минути.

Вчера, Зенит одигра 0:0 во Москва, против Динамо и може да ја загуби лидерската позиција ако Локомотив од Москва победи. Претходно, клубот до Санкт Петербург ремизираше без голови и со Ростов, па последен стрелец на трите последни натпревари за следниот ривал на Вардар е Кокорин. Тој погоди во 61. минута за победа против Амкар од 1:0.

Зенит нема пораз во деветте кола досега и има 6 победи и 3 порази со гол-разлика 16:3.

СЛАБА ФОРМА ВО ПОСЛЕДНО ВРЕМЕ

За слабата форма на Зенит во последно време кажуваат и резултатите. Тој во плејофот едвај и на мускули успеа да го добие тимот на Утрехт на два натпревара. Рускиот гигант одигра без голови на домашен терен со Ростов, а сега не го „проби“ ниту Динамо. За неговата криза кажува и статистиката, која вели дека тој не упатува многу удари кон противничкиот гол.

Меѓутоа сето тоа може да биде и „контрапродуктивно“ со оглед дека скапо платените играчи во секој момент може да експлодираат и по двата неефикасни натпревара, да се распукаат. Но, се надеваме дека нема да биде така в четврток, особено ако доаѓаат кај тим кој има само победи на домашен терен во европските купови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...