Валверде по 5:1 над Лион: Имаме сериозни амбиции во Лигата на шампионите

Тренерот на Барселона Ернесто Валверде имаше шанси за радост по својата убедлива победа со 5:1 над Лион и пласманот на тимот во четвртфиналето во Лигата на Шампионите.



Тренерот рече дека е задоволен од перформансите на неговите играчи и се надева дека неговиот тим ќе стигне до крајот на овој турнир

– Секој ме прашува за последните 20 минути, но очигледно заборавате дека ние одигравме многу силно прво полувреме, во кое спокојно можеше да водиме и поубедливо. Важно е да се напомене дека тимот се опорави откако дозволи гол и брзо го врати водството. Овој турнир е тежок и секој може да ви го направи животот покомплициран. Но, добро игравме во двата меча и едноставно бевме поефикасни во офанзивата. Имаме сериозни амбиции во Лигата на шампионите. Денес направивме важен чекор, но така е веројатно и за тренерите на другите тимови кои стигнаа до четвртфиналето. Ние сфаќаме сериозно сé што е пред нас, но сакаме да го изодиме целиот пат, рече Валверде по мечот.

Тренерот не штедеше пофалби и за ѕвездата на тимот Лионел Меси, кој одигра брилијантен натпревар, постигна два гола и асистираше за уште два.

– Бевме сведоци на уште еден неверојатен натпревар од Лео во секој поглед – голови, пасови, асистенции, одземање на топката … Иако сме навикнати на него, тој продолжува да наоѓа начин да не восхитува. Веројатно е одлично, дека Роналдо постигна три гола против Атлетико Мадрид, но Лео исто беше неверојатен вечерва, додаде тренерот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...