Варан сака да го напушти Реал Мадрид

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан сака да го напушти Реал Мадрид во потрага по нови предизвици, тврди „Екип“.

Поранешниот фудбалер на Ленс беше донесен на „Сантијаго Бернабеу“ во 2011 година по препорака лично од актуелниот тренер на тимот Зинедин Зидан и меѓу двајцата има голема доверба. Затоа изгледа чудно неговата желба да си замине токму сега, кога неговиот патрон се врати на „Бернабеу“. Според изданието, станува желба за промена на средината.

За овие осум години во Реал Мадрид Варан освои сè – три трофеи во Лигата на Шампионите, две титули на Шпанија, Купот на земјата, Суперкупот на Шпанија и Европа, четири светски клупски титули, а во текот на летото на минатата година стана и светски шампион со Франција во Русија. И сето тоа само на 25 години (Варај ќе наполни 26 во април).

Договорот на Варан со Реал е за уште три сезони и неговото заминување ќе се случи само по плаќање на сериозна трансферна сума која според „Трансфермаркт“ е 80 милиони евра.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...