Ангеловски: Играчите покажаа уште еднаш како се бори за дресот на Македонија

Репрезентацијата на Северна Македонија одигра нерешено 1:1 на синоќешното гостување против Израел во квалификациски меч за ЕП 2020, а селекторот на „жолто-црвените“, Игор Ангеловски по мечот изјави дека е задоволен од освоениот бод, но дека жали за испуштената шанса да си заминеме со сите три.



Новото засилување на Наполи, Елиф Елмас во судиското продолжение од мечот имаше голема шанса да донесе победа откако излезе сам пред противничкиот голман, но тој реши да асистира, наместо да реализира.

– Задоволни сме можеби со бод, но можеме да жалиме за сите три бодови по големата шанса во финишот. Им честитам на моите фудбалери за прикажаната игра, покажаа уште еднаш како се бори за дресот на Македонија и ова се играчи кои никогаш не се предаваат. На стартот сакавме да го неутрализираме противникот и да добиеме играч повеќе во средниот ред, па токму поради тоа ги избрав тие фудбалери. Во секој случај ваквата игра треба да ни биде дополнителен мотив да одиме на победа во Летонија, изјави Ангеловски на прес-конференцијата.

Нашата репрезентација следниот дуел го игра во понеделник, кога гостува на Летонија во Рига од 20:45 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...