Пиоли објасни зошто немало пенал за Јуве

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли се спротивстави на одлуката на судијата Паоло Валери да досуди пенал за Јувентус во првиот натпревар меѓу двете екипи во полуфиналето за Купот на Италија, кој заврши 1:1.



„Црно-белите“ стигнаа до изедначување на „Сан Сиро“ со гол на Кристијано Роналдо од белата точка во 90-тата минута. Пеналот беше досуден за игра со раката на Давид Калабрија.

Тврдењата на „росонерите“ се дека дефанзивецот бил свртен со грбот кон голот.

– Им кажав на играчите дека го напуштам теренот без жалење. Мислам дека не треба да жалат ниту тие. Горд сум на нивниот настап, како и на навивачите на Милан. Сакавме да победиме и бевме во добра позиција да го постигнеме тоа, но ова е само првиот натпревар и ќе се обидеме да настапиме уште подобро во реваншот, рече Пиоли.

Тој потоа го коментираше пеналот за Јуве во 90-тата минута.

– Бев лут, прво, затоа што имаше фаул против Ибрахимовиќ на почетокот на нападот. Покрај тоа, Калабрија не можеше да ја види топката. Се сеќавам пред некое време тие покажаа слична ситуација од натпреварот помеѓу Каљари и Бреша на почетокот на сезоната и рекоа дека тогаш не биле во право и не требало да има пенал, бидејќи играчот не можел да ја види топката. Сега не ја гледам разликата. Калабрија не можеше да ја види топката исто како Алберто Чери. Посакувам да имаме појасни правила за тоа кога треба да биде досуден пенал. ССари: Јуве не напредува, но не гледам проблем

Сепак, јас сум горд на мојот тим и сè друго не е важно, додаде Пиоли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...