Десет клуба во Англија би можеле да банкротираат за неколку недели

Десет клуба во англиската Лига 1 и Лига 2 имаат потреба од итна и значителна државна помош, во спротивно ќе банкротираат за неколку недели. За ова предупредија пратеникот Демиен Колинс и ко-сопственикот на Сандерленд, Чарли Метвен.

Колинс за „Скај Спортс“ изјави дека финансиската состојба на многу клубови во англиската фудбалска лига е загрижувачка уште пред кризата со КОВИД-19, а пандемијата само ја продлабочила кризата. Тој ја повика британската влада да обезбеди финансиски пакети на клубовите, бидејќи некои од нив би можеле да банкротираат во јуни и да исчезнат од фудбалската мапа.

– Во наредните недели, 5 до 10 екипи ќе банкротираат. Видовме што се случи со Бури и Болтон пред една година. Ако историјата се повтори, ќе има голем притисок од општеството да се направи нешто. Без интервенција на владата, овие клубови се турнати до ѕидот и можно е и други да ја следат нивната судбина. Би било супер ако фудбалот би можел да си помогне сам, но во сегашната ситуација тоа е невозможно и единствен спас е во државата, додаде Колинс.

Колинс и Метвен најавија план од шест чекори за да им помогнат на клубовите. Тој вклучува создавање на Фонд за финансирање на фудбалот кој може да ги поддржува клубовите финансиски на краток рок. Двајцата сугерираат Фондот да може да позајми 10 до 49 проценти од акциите на клубот и да назначи независни директори за да го следи насоченото трошење на средствата. Издвоените пари нема да можат да се користат за купување играчи, туку само за одржување на финансискиот биланс.

Претходно оваа година, претседателот на англиската фудбалска лига Рик Пари објави дека клубовите од второ, трето и четврто ниво ќе се соочат со дупка од 200 милиони фунти до септември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...