Ждреб за завршницата во Лигата на шампионите – кој со кого во Ф8 во Лисабон?

Нион, 10 јули 2020 (МИА) – Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи од 12 часот напладне во седиштето на Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) во Нион. Со извлекување на паровите, ќе откриеме кој ќе се натпреварува во завршницата на елитното натпреварување, кое за прв пат во историјата ќе се игра во „Ф8“ формат.

Ждрепката во Нион ќе има три дела – во првиот ќе се поврзат паровите од четвртфиналето, во вториот ќе знаеме кој со кого ќе се сретне во полуфиналето, додека во третиот, од административни причини, ќе биде избран „домаќин“ на финалето.

Да потсетиме, финалето од Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, каде сите парови ќе играат за еден триумф на два стадиони („Луж“ и „Хозе Авалад“).

Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и Париз Сен Жермен напредуваа во четвртфиналето пред паузата поради коронавирусот, додека четворицата преостанати учесници ќе ги знаеме по реваншот.

Тие нема да се играат во Лисабон, туку на стадионите на клубовите домаќини, а ќе се сретнат Баерн Минхен – Челзи (3:0), Барселона – Наполи (0:0), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Јувентус – Олимпик Лион. (0:1).

Реваншот е закажан за 7 и 8 август, додека „Ф8“ ќе се одржи помеѓу 12 и 23 август.

Лигата на шампионите, а претходно и Купот на шампиони, никогаш не се играл во овој формат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...