Меси го собори јужноамериканскиот рекорд на Пеле

Фудбалската репрезентација на Бразил ја забележа осмата победа во серија во јужноамериканските мундијалски квалификации совладувајќи го синоќа Перу со 2-0, но вечерта ја одбележа аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој стана најдобар стрелец во историјата на репрезентативниот фудбал во Јужна Америка.

Аргентина во натпревар од 9. коло пред 25.000 гледачи на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, прв пат отворен за јавноста од почетокот на пандемијата, ја совлада Боливија со 3-0, со хет-трик на Меси (14 минута, 65, 89).

Со тоа аргентинскиот капитен дојде до бројката од 79 погодоци во дресот на Гаучосите, соборувајќи го рекордот на легендарниот Пеле според бројот на голови за јужноамериканска репрезентација. Пеле во дресот на Бразил постигна 77 голови.

– Долго чекав на ова. Ова е навистина уникатен момент во мојата кариера. Многу сум среќен, изјави Меси.

Светскиот рекорд го држи Кристијано Роналдо со 111 голови во дресот на Португалија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...