Влезница за дуелот меѓу Роналдо и Меси продадена за 2.6 милиона долари

Саудискиот мултимилијардер Мушреф ал – Гамди плати на хуманитарна аукција 2.6 милиони долари за ВИП влезница за утрешниот ревијален натпревар во Ријад на кој ќе настапат Кристијано Роналдо и Лионел Меси.



Португалецот Роналдо ќе го предводи тимот составен од играчи од саудиските прволигаши Ал Наср и Ал Хилал во хуманитарен натпревар против францускиот шампион ПСЖ, предводен од Аргентинецот Лионел Меси.

Тоа ќе биде прв настап за Роналдо откако во декември потпиша рекорден договор со Ал Наср.

За да го промовираат натпреварот, саудиските организатори организираа хуманитарна аукција за ВИП влезница. Лицитацијата почна со 266.000 долари, а заврши со 2.6 милиони колку што за билетот плати генералниот директор на групацијата за недвижности „AqarOne“, Ал – Гамди.

Влезницата нуди низа поволности, меѓу кои и пристап до соблекувалните, како и средби и фотографирање со Роналдо, Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на метеорологијата
1309.- Папата Клемент Петти ја премести папската...
1616.- Во Сратфорд на Ејвон умре Вилијам...
1801.- Незадоволните дворски офицери го убија...