Африкански милијардер го купува Шефилд јунајтед

По неколку американски, руски, арапски и кинески милијардери, пред вратите на англискиот фудбал сега е и африкански милијардер, откако британските медиуми објавија дека 43-годишниот Нигериец Дозу Мобуси е на чекор од преземање на сопственоста на англискиот второлигаш Шефилд јунајтед.



Според истите извори, нигерискиот милијардер ќе го купи англискиот клуб, кој во моментов е второпласиран во Чемпионшип лигата, за околу 100 милиони евра.

Мобуси е роден во Лагос, татко е на три деца, а неговото богатство се проценува на околу седум милијарди евра, Шефилд јунајтед, кој во моментов е во сопственост на саудиски принц, веќе извесно време е на продажба, а е под суспензија и има забрана за трансфери поради долг кон друг клуб.

Минатата година американскиот бизнисмен Хенри Маурис, основач на телевизиската куќа Клир ТВ, понуди повеќе од 120 милиони евра, меѓутоа зделката пропадна поради сложената финансиска структура која Американецот ја користеше во обидот да го купи клубот од Шефилд.

Од вкупно 20 клуба во Премиер лигата, дури 15 се во странски раце, додека од 24 во Чемпионшип, доминантен странски капитал има во 14 од нив.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...