Родриго цел на расистички напади во Бразил

Бразилскиот фудбалски репрезентативец Родриго обелодени дека е жртва на расистички напади на социјалните мрежи, неколку денови откако Бразил претрпе пораз во „суперкласико“ од светскиот првак Аргентина на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро.



„Расистите секогаш се на должност. Моите социјални мрежи се окупирани од расистички навреди и глупости од секаков вид“, објави напаѓачот на мадридски Реал на своите профили на Инстаграм и Икс.

Весникот „Глобо Еспорте“ објави дека профилот на 22-годишниот фудбалер е „украсен“ со банани и емотикони со мајмунчиња, а Родриго планира да поднесе судска тужба.

„Доколку не го правиме тоа што тие го сакаат, доколку не се однесуваме така како што тие мислат дека треба, доколку носиме нешто што нив им пречи и доколку не ја веднеме главата кога нè напаѓаат, расистите со своето криминално однесување стапуваат во акција. Но, нема да застанеме“, нагласи Родриго.

Бразилскиот репрезентативец доби поддршка преку социјалните мрежи од своите репрезентативни колеги Нејмар и Винисиус, кои поради повреди не беа во составот во поразот на Бразил од Аргентина (0-1) во јужноамериканските квалификациите за Мундијалот 2026.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...