Удинезе го отпушти тренерот, преговара со Канаваро

Калчолигашот Удинезе објави денеска дека ја прекинува соработката со тренерот Габриеле Чофи, кој според италијанските медиуми би можел да биде заменет со Фабио Канаваро.



„Удинезе соопштува дека го разреши од должноста тренерот на првиот тим Габриеле Чофи“, се вели во краткото соопштение за медиумите на клубот

Чофи седна на клупата на местото на Андреа Сотил на крајот на октомври и под негово водство Удинезе освои само четири првенствени победи и во моментов е на 17 место на табелата.

По петочниот пораз од директниот конкурент во битката за опстанок, Верона (0-1), Удинезе има ист број бодови како и Фросиноне, кој е во зината на испаѓање, но со натпревар помалку. Натпреварот против Рома, кој беше прекинат на неполни 20 минути до крајот при резултат 1-1, откако дефанзивецот на Рома, Еван Ндика колабираше на теренот, ќе биде доигран вo четврток.

Според италијанските медиуми, Удинезе веќе извесно време преговара со Канаваро (50), кој поголемиот дел од својата тренерска кариера го помина во Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...