Случајот за смртта на Марадона одложен за следната година

Судењето на осумте здравствени работници обвинети за „убиство од небрежност“ во врска со смртта на фудбалската легенда Диего Марадона е одложено од октомври за март 2025 година, објавија аргентинските медиуми.

Судот во Сан Исидро, град на периферијата на Буенос Аирес, го одобри барањето на тројца од осумте обвинети по вторпат да се одложи судењето првично закажано за 4 јуни, кое требаше да започне на 1 октомври.

Случајот сега ќе започне на 11 март, објави аргентинскиот весник „Насион“.

Фудбалската легенда Диего Армандо Марадона, кој ја предводеше Аргентина до втората светска титула во 1986 година, почина на 60-годишна возраст во ноември 2020 година од срцева слабост, откако неколку дена претходно беше подложен на операција на мозокот.

Меѓу обвинетите за смртта на поранешниот играч на Бока Јуниорс и Наполи се и неговиот неврохирург, психолог, психијатар и медицински сестри, кои би можеле да се соочат со казни од 8 до 25 години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Стара брачна двојка решила да прослави втор меден месец во истиот хотел како и првиот пат. Пред да ја почнат онаа работа, мажот оди во тоалет, исто како пред многу години и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
12 мај 2013 (МИА)
- Денеска е Светски ден на медицинските сестри....
1707.- Роден е Карл фон Лине, шведски...
1842.- Во Сент Етјен е роден Жил Масне,...
1845.- Во Бон умре Август Вилхелм Шлегел,...