Мартино ја напушти клупата на Интер Мајами

Аргентинскиот фудбалски стратег Херардо Тата Мартино поднесе денеска оставка од функцијата тренер на Интер Мајами поради лични причини.



Мартино со клубот во чиј редови настапуваат Лионел Меси, Луис Суарез, Жорди Алба и Серхио Бускетс освои рекордни 74 бодови во регуларниот дел од сезоната во американската МЛС лига, но сензационално беше елиминиран во првото коло од плејофот од Атланта.

И покрај обидите на клупското раководство да го задржи, 62-годишниот Аргентинец донесе одлука да го раскине договорот.

Според најавите, Мартино до крајот на неделата ќе одржи прес-конференција на која официјално ќе го објави своето заминување и ќе ги објасни причините за неговата одлука.

За „Тата“ Мартино ова беше втор ангажман во американската МЛС лига во која ја предводеше Атланта во сезоната 2017/2018 и беше избран за тренер на годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро ја...
1654.- Водачот на запорошките козаци хетман...
1689.- Во Бордо е роден Шарл Луј Монтескје, еден...
1778.- Англискиот морепловец Џемс Кук ги откри...