Шпанските судии одбиваат сувенири од Реал Мадрид

Од јануари годинава шпанските судии решија да ги одбијат сувенирите кои Реал Мадрид традиционално им ги дава на делителите на правдата на нивните натпревари.

Протестната акција следува како одговор на видеата од работата на судиите, кои редовно ги објавува клупскиот тв канал. На тие емисии секогаш се појавуваат сомнежи или остри критики за одредени одлуки донесени против „Кралскиот клуб“.

Како што е познато, во многу земји е вообичаено да им се предаваат клупските симболи на судиите - оваа традиција трае многу години. Тоа не се скапи подароци, туку обични беџови, знаменца, пешкири, маици со логоа.

Најпрво судиите кои работеа на натпреварите од шпанскиот Суперкуп што се одржаа во Саудиска Арабија одбија да ги земат сувенирите. Потоа истото се случи и на арбитрите на натпреварите во лигата и купот.

Оваа акција се одвива исклучиво на иницијатива на судиите и во никој случај не е поврзана со ставот на судискиот комитет на „Кралската шпанска фудбалска федерација“, појаснуваат локалните медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...