Гвардиола: Среќен сум, но сезоната ја одредуваат резултатите во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола го коментираше пласманот во финалето на ФА Купот.

„Граѓаните“ во полуфиналето го победија Нотингем Форест со 2:0.

- Седум полуфиналиња по ред и три финалиња зборуваат за високото ниво на оваа генерација играчи и на самиот клуб. Многу ни е драго што сме овде. Оваа сезона не беше многу успешна затоа што се одредува според резултатите во Премиер лигата. Ни помогна голот рано на натпреварот и потоа продолживме да играме во исто темпо, но во последната третина од натпреварот не бевме толку добри и пропуштивме три-четири шанси за гол. Свои моменти, секако, имаше и противникот. Нашиот голман бранеше добро, тоа не може да се негира, но во целина одигравме многу добро. Мило ми е што повторно сум во финале, изјави Гвардиола за клупскиот сајт на „Граѓаните“.

Манчестер сити во финалето на ФА Купот ќе игра против Кристал Палас. Средбата ќе се одржи во Лондон на стадионот „Вембли“, а ќе се одржи на 17 мај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговор пекаде на Балканот:
"Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?"
"Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...