Третиот носител на годинашниов Грен слем турнир Вимблдон Александар Зеверев од Германија е елиминиран во првото коло по поразот од Французинот Артур Риндеркнеш со 3:2 во сетови. Меч денеска го имаше своето продолжение откако синоќа поради доцниот почеток беше префрлен за денешната програма и заврши со изненадување, а траеше вкупно 4 часа и 40 минути.

Во моментот на прекинот синоќа резултатот беше 1:1 во сетови. Првиот сет со 7:6 - 7:3 на поени во тај брејкот го доби Риндеркнеш, а Зверев возврати во тај брејк со 10:8 на поени. Во продолжението денеска Французинот направи брејк и поведе со 2:1 во сетови добивајќи го сетот со 6:3 во гемови, а Зверев изедначи на 2:2 откако беше поуспешен во уште еден тај брејк со 7:5 на поени. Во решавачкиот сет Риндеркнеш беше поуспешен и со уште еден брејк сетот го заврши со 6:4 во гемови. Ова е само втора победа за Французинот на Вимблдон, кој има 29 години и се наоѓа на 72.место на АТП листата.
Од денешната програма кај мажите првиот светки играч Јаник Синер го доби „италијанскиот дуел“ проти сонародикот Лука Нарди со 3:0 во сетови.
Кај жените ланската шампионска Барбора Крејчикова ја совлада Александра Еала од Филипини со 2:1 во сетови, иако ривалката го доби првиот сет. Последниот меч на Вимблдон го одигра и двократната шампионка на овој турнир Петра Квитова од Чешка, која загуби со 2:0 во сетови од десетата носителка Ема Наваро од САД.