
Бразилскиот репрезентативец во дресот на Милан, Кака, им дал на знаење на челниците на клубот дека би сакал Дејвид Бекам да остане подолго од три месеци колку што му трае зајмицата од ЛА Галакси.
По дебитирањето на Бекам за црвено-црните во дербито со Рома, Кака е сигурен дека неговиот квалитет би бил од вистинско значење.
“Покажа колку е добар. Се надевам дека тие три месеци ќе бидат шест, а можеби година или повеќе. Јас во секој случај би сакал да играм со него што повеќе“, рекол Кака.